„Секој Пратеник што Аллах го испратил пред мене имал свои помошници и другари од неговиот народ кои се придржуваа кон неговиот Сунет и ги следеа неговите наредби
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Од Абдулах бин Месуд, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Секој Пратеник што Аллах го испратил пред мене имал свои помошници и другари од неговиот народ кои се придржуваа кон неговиот Сунет и ги следеа неговите наредби. Потоа по нив дојдоа генерации на луѓе кои го зборуваа она што не го работеа, а го работеа она што не им беше наредено да го прават. Кој се бори против таквите со своите раце, тој е верник; тој што се бори против нив со својот јазик е верник; тој што се бори против нив со своето срце е верник; а после тоа нема ни колку трошка од верувањето.“
Explanation
Benefits
Ако срцето не го осуди лошото дело, тоа е знак на слабиот иман-верување или е знак дека нема верување.
Аллах, Возвишениот, ги помогнал веровесниците со луѓе кои ќе ја пренесуваат нивната порака после нив.
Кој сака да се спаси, треба да ја следи традицијата на веровесниците, бидејќи сите други патишта, освен нивните, се пропаст и скршнување.
Како што поминува времето од периодот на Алаховиот Пратеник, алејхи селам, и неговите другари, така се зголемува и оддалеченоста на луѓето од Сунетот, сè повеќе ги следат страстите и внесуваат новини во религијата.
Толкување на фазите на борбата, кој може со рака ќе го отстрани злото, како што се надлежните органи, власта итн. ќе го направи тоа, со зборови ќе биде така што ќе ја појасниме вистината и ќе повикаме кон неа, а со срцето ќе биде така што ќе покажеме незадоволство од злото и ќе го критикуваме.
Обврска е да наредуваме добро и да забрануваме зло.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

