,Возвишениот Аллах не спие, и не Му доликува да спие
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Ебу Муса, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: „Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, застана меѓу нас и рече пет зборови: ,Возвишениот Аллах не спие, и не Му доликува да спие. Тој ја спушта и ја подигнува правдата. Делата од ноќта се издигаат кај Него пред делата од денот, а делата од денот пред делата од ноќта. Неговиот превез е светлина – а во друго предание: оган – и кога би го открил, сјајот на Неговото Лице би изгорел сè што опфаќа Неговиот поглед од Неговите созданија.’“
Explanation
Benefits
Аллах возвишува кого сака, а понижува кого сака; упатува кого сака и остава во заблуда кого сака од Своите робови.
Делата секој ден и секоја ноќ се издигаат кон Аллах. Во тоа има поттик за робовите да бидат свесни за Него и дење и ноќе.
Хадисот укажува на праведноста на Севишниот Аллах и на совршеното управување со работите на Своите созданија – што несомнено е од Неговите совршени својства.
Потврда дека Аллах има превез, а тоа е светлината која е меѓу Него и созданијата. Кога не би бил тој превез, тие би изгореле.
Ел-Аџури рекол: „Следбениците на вистината Го опишуваат Возвишениот Аллах со она со што Тој Самиот Се опишал, и со она со што Го опишал Неговиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и со она со што Го опишале асхабите, Аллах нека е задоволен со нив. Ова е правецот на учените кои го следеле вистинскиот пат и не воведувале новотарии.“ Завршен цитат. Следбениците на Сунетот ги потврдуваат Аллаховите имиња и атрибути со кои Тој Самиот Се опишал, без да ги искривуваат, негираат, одредуваат нивната форма или да Го споредуваат со созданијата. Исто така, тие го негираат она што Тој Самиот го негирал за Себе и молчат за она за што не е дојдено ниту негација ниту потврда. Возвишениот Аллах, вели: „Ништо Нему не му е слично! Тој сè слуша и сè гледа.“ (Еш Шура, 11)
Светлината што е дојдена во Неговиот Возвишен опис, не е истата со светлината со која Тој се покрил. Светлината со која се покрил е создадена, додека Аллаховата светлина е Негово вечно својство, неслично на ништо. Она што го видел Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, е превезот кој се наоѓа помеѓу Аллах и Неговите робови.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

