HadeethEnc · 1.24.0
,Кога некој од вас ќе почувствува нешто во својот стомак, па се посомнева дали излегло нешто од него или не, тогаш нека не излегува од џамијата (од намазот), сè додека не чуе звук или не почувствува миризба.‘“
Available translations
Choose an available translation of this Hadeeth
01
Hadeeth text
Од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: „Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, вели: ,Кога некој од вас ќе почувствува нешто во својот стомак, па се посомнева дали излегло нешто од него или не, тогаш нека не излегува од џамијата (од намазот), сè додека не чуе звук или не почувствува миризба.‘“
02
Explanation
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека ако кај клањачот се појави сомнеж поради движење во стомакот, па не е сигурен дали нешто навистина му излегло или не; тогаш не треба да излегува од намазот и да го прекинува за да го обнови абдестот, сè додека не се увери во настапување на нешто што го поништува абдестот, како што е да чуе звук или да почувствува миризба. Тоа е затоа што сомнежот не го поништува она што е сигурно; тој е сигурен дека имал абдест, а настапувањето на хадесот (излегувањето на нечистотија) е само сомнеж.
03
Benefits
Овој хадис е едно од основните начела на исламот и темелен принцип во фикхот, а тоа е дека сигурноста не се поништува со сомнеж. Основното правило е дека она што било сигурно, останува така, сè додека не се докаже спротивното.
Сомнежот не влијае врз чистотата (абдестот), и клањачот останува на својата состојба на чистота сè додека не се увери дека се случил хадес (нешто што го поништува абдестот).
Сомнежот не влијае врз чистотата (абдестот), и клањачот останува на својата состојба на чистота сè додека не се увери дека се случил хадес (нешто што го поништува абдестот).
Attribution
[رواه مسلم]
Categories
Share
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

