“На Судниот ден ќе биде повикан човек од мојот умет пред сите створенија
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Абдулах бин Амр, Аллах нека е задоволен со него и неговиот татко, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: “На Судниот ден ќе биде повикан човек од мојот умет пред сите створенија. Ќе му бидат покажани деведесет и девет свитоци со гревови, секој од нив голем колку што погледот допира. Потоа ќе му биде речено: ‘Дали негираш нешто од ова?’ Тој ќе одговори: ‘Не, Господару мој.’ Аллах ќе го праша: ‘Дали моите мелеци писари и чувари ти направиле неправда?’ Тој ќе одговори: ‘Не, Господару мој.’ Потоа ќе го праша: ‘Имаш ли некое оправдание за овие гревови?’ Човекот ќе одговори: ‘Не, Господару мој.' Аллах ќе му рече: ‘Напротив, ти имаш добри дела кај нас и денес нема да ти биде направена неправда!’ Тогаш ќе се извади картичка на која пишува: ‘Ла илахе иллаллах - сведочам дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Негов роб и пратеник.’ Човекот ќе праша: ‘Господару мој, што е оваа картичка наспроти сите овие свитоци?’ Аллах ќе одговори: ‘Навистина нема да ти биде направена неправда!’ Потоа свитоците ќе се стават на една страна од вагата, а картичката на другата страна, и картичката ќе претегне. Ништо нема потешко од Аллаховото име.”
Explanation
Benefits
Не е доволно само да се изговори: Ла илахе иллаллах со јазикот. Потребно е да се знае неговото значење и да се постапува според она што го налага тоа сведоштво.
Искреноста и силата на тевхидот се причина за простувањето на гревовите.
Иманот се разликува според искреноста во срцата. Некои луѓе можат да го изговорат овој збор, но и покрај тоа да бидат казнети според нивните гревови.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

