Правото на Аллах врз Неговите робови е да Го обожуваат и никого да не Му припишуваат како здруженик. Правото на робовите кон Аллах е да не го казни оној кој не Му припишува ништо како здруженик
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Муаз, Аллах нека е задоволен со него, рекол: „Заедно со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, бевме качени врз магаре кое се викаше Уфејр. Тој ми рече: ,О Муаз, дали знаеш кое е правото на Аллах врз Неговите робови и кое е правото на робовите кон Аллах?’ Јас одговорив: ,Аллах и Неговиот Пратеник најдобро знаат.’ Тој ми рече: ‘Правото на Аллах врз Неговите робови е да Го обожуваат и никого да не Му припишуваат како здруженик. Правото на робовите кон Аллах е да не го казни оној кој не Му припишува ништо како здруженик.’ Јас прашав: ,О, Аллахов Пратенику, дали да ги известам луѓето за ова?’ Тој ми рече: ,Не ги известувај, за да не се потпрат на тоа.’”
Explanation
Benefits
Објаснување на правото на робовите кон Аллах, кое Тој го наредил на Себе од милост и благодат, а тоа е да ги внесе во Џенетот и да не ги казнува.
Ова е голема радосна вест за оние кои го обожуваат Аллах и не Му припишуваат ништо, дека нивната крајна дестинација е влезот во вечниот Џенет.
Муаз го пренел овој хадис пред својата смрт, од страв да не направи гревот на прикривање на знаењето.
Предупредување за непренесувањето на некои хадиси кај некои луѓе од страв дека нема да го разберат нивното значење; ова се однесува на она што не е поврзано со некоја практична работа која треба да се ивршува ниту има некоја шеријатски пропишана граница.
Грешниците кои го обожуваат само Аллах се под Неговата волја: ако сака, ќе ги казни, а ако сака, ќе им прости, а потоа нивната крајна дестинација е Џенетот.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

