Аллаховото проклетство нека ги стигне евреите и христијаните, затоа што од гробовите на своите Пратеници направија места за молитви
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Од Аиша и Абдулах ибн Абас, радијаллаху анхума, се пренесува дека рекле: Кога на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му се приближила смртта, тој ја ставал својата наметка на лицето, но кога ќе почувствувал потешкотија, ја тргал од лицето. Додека бил во таква состојба рекол: „Аллаховото проклетство нека ги стигне евреите и христијаните, затоа што од гробовите на своите Пратеници направија места за молитви.“ Со ова ги предупредуваше луѓето да не го прават истото.
Explanation
Овој говор на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, во таков критичен момент, укажува на сериозноста на ова дело. Затоа, тој го предупредил својот умет да не го следи овој пример, бидејќи тоа е дело на евреите и христијаните, а исто така е пат кој може да води кон многубоштвото и побивање на еднобоштвото (тевхидот) на Аллах, Возвишениот.
Benefits
Интензивната посветеност на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и неговата грижа за зачувување на еднобоштвото (тевхидот), како и неговиот страв од претераното возвишување на гробовите, произлегуваат од тоа што ваквите постапки можат да доведат до многубоштво (ширк).
Дозволено е проколнување на евреите и христијаните, како и на оние кои го следат нивниот пример со градење врз гробовите и претворање на тие места во месџиди – места за обожување.
Градењето врз гробовите е од обичаите на евреите и христијаните, а во хадисот е наведена забраната за имитирање на нивните постапки.
Претворањето на гробовите во места за молитва опфаќа вршење намаз кај нив или свртени кон нив, дури и ако не е изграден формален храм или месџид.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

