„,Дали знаете кој е вистинскиот муфлис (тој што банкротирал, губитник)?‘
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „,Дали знаете кој е вистинскиот муфлис (тој што банкротирал, губитник)?‘ Тие рекоа: ,Муфлис кај нас, о Божји Пратенику, е оној што нема дирхем ниту имот.‘ Тој рече: ,Вистинскиот муфлис од мојот умет е оној кој на Судниот ден ќе дојде со намаз, пост и зекат, но ќе дојде и со тоа што навредил некого, наклеветил друг, присвоил имот од третиот, ја пролеал крвта на четвртиот или го удрил петтиот. Тогаш, од неговите добри дела ќе им се даде на оние што ги оштетил. Ако неговите добри дела се потрошат пред да ги намири сите долгови, ќе се земат од нивните гревови и ќе му бидат додадени нему, а потоа ќе биде фрлен во Огнот.‘“
Explanation
На оштетените ќе им бидат дадени неговите добри дела. Ако неговите добри дела се потрошат пред да ги намири сите права и неправди, од гревовите на оштетените ќе му бидат додадени нему. Потоа, тој ќе биде фрлен во Огнот, бидејќи не му останале добри дела.“
Benefits
Меѓусебните права кај луѓето се побаруваат со строгост и непростување, додека пак правата на Аллах, освен ширкот, се засновани врз простување.
Користење на метода во дијалогот што го привлекува вниманието на слушателот, го поттикнува неговиот интерес и ја зголемува неговата свест, особено при воспитувањето и советувањето.
Објаснување на значењето на вистинскиот губитник, кој е оној чии добри дела ќе бидат одземени и дадени на оние кои ги оштетил на Судниот ден.
На Судниот ден, одмаздата може да биде причина да се одземат сите добри дела, до тој степен да не остане ништо од нив.
Постапувањето на Аллах со Неговите созданија е секогаш засновано на правда и вистина.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

