Сакате ли да ве упатам на нешто подобро од тоа што го баравте? Кога ќе легнете во вашите постели, изговорете: Субханаллах триесет и трипати, Елхамдулиллах триесет и трипати и Аллаху Екбер триесет и четири пати. Тоа е подобро за вас од слуга.“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Али, Аллах нека е задоволен со него, раскажува дека Фатима, Аллах нека е задоволен со неа, дошла кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, за да се пожали на тешкотиите што ги имала од работата со рачната мелница. Таа слушнала дека кај него дошле заробеници (кои би можеле да бидат слуги), па отишла кај него, но не го нашла. Затоа тоа и го спомнала на Аиша, Аллах нека е задоволен со неа. Кога Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се вратил, Аиша го известила за нејзината посета.
Тогаш тој дојде кај нас додека ние веќе бевме легнати. Кога пробавме да станеме, тој рече: „Останете на своите места.“ Се приближи и седна помеѓу мене и неа, така што го почувствував студот на неговите стапала врз мојот стомак. Потоа рече: „Сакате ли да ве упатам на нешто подобро од тоа што го баравте? Кога ќе легнете во вашите постели, изговорете: Субханаллах триесет и трипати, Елхамдулиллах триесет и трипати и Аллаху Екбер триесет и четири пати. Тоа е подобро за вас од слуга.“
Explanation
Benefits
Овој зикр се изговара исклучиво пред спиење ноќе. Во хадисот што го пренесува Муслим преку Муаз од Шубе се вели: „Кога ќе легнете во своите постели навечер.“
Ако муслиманот го заборави овој зикр на почетокот од ноќта, па се сети подоцна, дозволено е да го изговори. За тоа сведочи и самиот Али, Аллах нека е задоволен со него, кој кажал дека во ноќта на битката кај Сифин заборавил да го изговори на почетокот од ноќта, но се сетил и го изговорил пред сабахот.
Мухелеб рекол: „Ова укажува дека човекот треба да ја охрабрува својата фамилија да ги практикува истите дела што ги извршува тој, претпочитајќи го Ахиретот пред дуњалукот, доколку имаат можност за тоа.“
Ибн Хаџер ел-Аскелани рекол: „Оној кој редовно го практикува овој зикр нема да се соочи со тешкотии или преголем замор, дури и ако работи многу.“
Ајни рекол: „Предноста на овој зикр лежи во тоа што тој се однесува на Ахиретот, додека слугата се однесува на дуњалукот, а Ахиретот е подобар и вечен. Или, може да се каже дека овој зикр ѝ давал на Фатима сила која ѝ овозможувала да ја извршува својата работа подобро од она што би го направил слугата.“
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

