Се колнам во Оној во чии раце е мојата душа навистина ќе ги следите примерите на оние што беа пред вас.“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Од Ебу Вакид ел-Лејси, радијаллаху анху: „Кога Аллаховиот пратеник тргнал на поход кон Хунејн, поминал покрај дрвото на многубошците наречено Зату-енват, на кое тие го бесеа нивното оружје. Тогаш асхабите му рекоа на Пратеникот: ,О, Аллахов Пратенику, дај ни да имаме и ние Зату-енват како што тие имаат Зату-енват.“, тогаш Пратеникот рече: ,Субханаллах (славен нека е Аллах). Ова е како што му рече народот на Муса: ,Направи ни и ти нам божество како што и тие имаат божества.‘ (Ел Араф, 138) Се колнам во Оној во чии раце е мојата душа навистина ќе ги следите примерите на оние што беа пред вас.“
Explanation
Benefits
Муслиманот треба да каже „Субханаллах“ или „Аллаху екбер“ кога ќе слушне нешто што не е соодветно да се каже за верата или кога е зачуден од нешто.
Барањето благослов од дрвјата, камењата и слично е многубоштво. Бериќет се бара само од Аллах.
Причината што води до обожување на киповите е нивното величање, да престојуваме во нивна близина и барањето благослов од нив.
Обврска е да ги затвориме сите врати и патишта кои водат кон многубоштвото.
Преданијата во верските текстови кои ги критикуваат евреите и христијаните се предупредување за нас да не ги направиме истите.
Забрането е да се имитираат евреите, христијаните и другите неверници, освен ако нашата вера се согласува со исправноста на некои нивни постапки.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

