HadeethEnc · 1.24.0
„Довата е ибадет
Available translations
Choose an available translation of this Hadeeth
01
Hadeeth text
Нуман бин Бешир, радијаллаху анху, рекол: Го слушнав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Довата е ибадет", потоа го рецитираше ајетот: „И кажа вашиот Господар: Молете Ми се а Јас ќе ви се одѕвијам, тие што се горделиви од упатување дова до Мене, ќе влезат во Џехенем понижени." (Гафир: 60).
02
Explanation
Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, нѐ информира дека довата е ибадет. Затоа, ние треба само Нему искрено да Му се молиме. Без оглед дали довата се однесува за молба со која човекот бара од Аллах да му го даде тоа што ќе му користи и да го заштити од тоа што ќе му наштети и на овој и на другиот свет. Или пак, се однесува на довата како обожување, кое ги претставува сите постапки и зборови со кои е задоволен и Ги сака Аллах, без разлика дали се внатрешни или надворешни, или се делата на срцето, телото или од материјален карактер.
Потоа Аллаховиот пратеник, саллалаху алејхи ве селлем, го докажа тоа со цитирање на говорот на Аллах Кој кажал: „Молете Ми се а Јас ќе ви се одѕвијам, тие што се горделиви од упатување дова до Мене, ќе влезат во џехенем понижени.“

03
Benefits
Довата е основата на ибадетот, и не смее да се упатува кон никој друг освен Аллах.
Довата ја содржи суштината на ибадетот, и е признание за независноста и моќта на Возвишениот Господар, но и за зависноста на робовите од Него.
Страшно е предупредувањето за казната на тие што ќе се возгордеат од извршувањето на ибадет кон Аллах и нема да Му упатуваат дова, и дека таквите ќе влезат во Џехенемот понижени и посрамотени.

Attribution
[رواه أبو داود والترمذي وابن ماجه وأحمد]
Categories
Share
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares