„Силниот верник е подобар и подраг кај Аллах од слабиот верник, а во двајцата има добро
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Силниот верник е подобар и подраг кај Аллах од слабиот верник, а во двајцата има добро. Стреми се кон она што ќе ти користи и барај помош од Аллах во тоа, и не покажувајте немоќ. Ако те снајде нешто, не вели: ,Да направев така и така, ќе беше така и така‘, туку кажи: ,Тоа е Аллахова одредба и Тој прави што сака‘, бидејќи со зборовите ,да направев‘ му се отвора можност на шејтанот да делува.“
Explanation
Benefits
За пофалба е да се биде стабилен во правењето добри дела. Така многу повеќе може да постигнеме отколку со слабост.
Човекот треба да се труди да го прави она што ќе му користи и да го избегнува она што не му користи.
Должност на верникот е да бара помош од Аллах во сите работи, и да не се потпира само на себе.
Ние ја потврдуваме Аллаховата одредба-кадер и дека таа не се спротивставува на фактот дека треба да ги земеме предвид околностите и да се трудиме во постигнувањето на добрините.
Забрането е да се каже „Ако“ (Да беше) изразувајќи огорченост за искушението што го снашло човекот. Забрането е да имаме забелешка на Аллаховата одлука и одредба.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

