,Луѓето на Судниот ден ќе бидат собрани боси, голи и необрежани.‘
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, раскажува: „Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: ,Луѓето на Судниот ден ќе бидат собрани боси, голи и необрежани.‘
Јас прашав: ,О, Божји пратенику, и мажите и жените заедно – ќе гледаат ли едни во други?‘
Тој, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,О, Аиша, тогаш состојбата ќе биде толку страшна што луѓето нема ни да помислат да гледаат едни во други.‘“
Explanation
Кога мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, го слушнала тоа, зачудено прашала: „О, Божји пратенику, и мажите и жените заедно – ќе гледаат ли едни во други?“ Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ѝ објаснил дека ужасите и стравотиите на тој ден ќе бидат толку големи, што ќе им го одвлечат вниманието и погледите од тоа да гледаат во нечии срамни места.
Benefits
Потврда дека човекот може да направи грев само кога е во состојба на небрежност. Кога би се сетил на големината на Оној Кого му бил непослушен и на Неговата казна, не би престанал да Го спомнува, да Му биде благодарен и да Го обожува ниту за миг. Затоа, на денот на собирањето сите ќе бидат зафатени со самите себе и никој нема да гледа во другиот.
Силната срамежливост кај жените во времето на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Доказ за тоа е што Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, со срамежливост прашала кога чула дека луѓето ќе бидат собрани голи – и мажи и жени.
Ес-Синди рекол: „Секој ќе биде зафатен со сопствената состојба и нема да знае ништо за состојбата на својот брат. Возвишениот Аллах вели: „Тој Ден секој човек само за себеси ќе се грижи.“ (Абесе, 37) Поради тоа, никој нема да обрне внимание на интимниот дел на другиот.
Обрежувањето кај мажите подразбира отсекување на кожичката што ја покрива главата на половиот орган; додека кај жените – отсекување на малото парче кожа над местото на односот, која личи на петлов гребен.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

