„Кој ќе му нанесе неправда на својот брат – било поврзана со неговата чест или со нешто друго – нека побара халал од него уште денес, пред да дојде Денот кога нема да користи ни динарот ни дирхемот
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Ебу Хурejре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе му нанесе неправда на својот брат – било поврзана со неговата чест или со нешто друго – нека побара халал од него уште денес, пред да дојде Денот кога нема да користи ни динарот ни дирхемот. Ако има добри дела, ќе му се земе од нив според големината на неправдата што ја направил. А ако нема добри дела, ќе се земе од лошите дела на неговиот брат и ќе му се натоварат нему.“
Explanation
Тоа треба да се направи пред да настапи Судниот ден, кога ниту златниот динар ниту сребрениот дирхем нема да му помогнат на човек да се откупи од оној кому му направил неправда, бидејќи тогаш пресметката ќе се врши со добрите и лошите дела:
– од добрите дела на неправедникот ќе му се даде на оној што бил угнетен, според големината на неправдата;
– а ако неправедникот нема добри дела, тогаш од лошите дела на угнетениот ќе се префрлат врз него, според мерката на направената неправда.
Benefits
Поттик за брзо ослободување од одговорност за правата што им припаѓаат на луѓето.
Добрите дела и нивната награда можат да се уништат и да ја изгубат својата вредност поради неправда и нанесување штета на луѓето.
Аллах не ги простува узурпираните права и нанесената неправда на луѓето сè додека тие права не им бидат вратени на нивните сопственици.
Динарот и дирхемот се средство за придобивање корист само на овој свет, а на Судниот ден надокнадата ќе се врши со добрите и лошите дела.
Некои учени рекле за случаите поврзани со честа: ако оној кому му е направена неправда не знае за тоа, нема потреба да се извести. На пример, ако некој го навредил во одредено друштво, а потоа се покајал, доволно е да побара прошка (да се покае) за него, да прави дова и да зборува убаво за него во истите средби каде што претходно го навредувал. Со тоа ќе се смета како да побарал халал од него.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

