„Нема да се придвижат стапалата на човекот на Судниот ден сè додека не биде прашан за четири работи: за неговиот живот – на што го потрошил, за неговото знаење – дали работел според тоа, за неговиот имот – како го заработил и како го потрошил и за неговото тело, како го користел.“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Ебу Берзете ел-Еслеми, радијаллаху анху, пренесува: Аллаховиот пратеник, алејхи селам рекол: „Нема да се придвижат стапалата на човекот на Судниот ден сè додека не биде прашан за четири работи: за неговиот живот – на што го потрошил, за неговото знаење – дали работел според тоа, за неговиот имот – како го заработил и како го потрошил и за неговото тело, како го користел.“
Explanation
Прво: Животот, како го искористил и како го поминал?
Второ: Знаењето, дали го барал во името на Аллах? Дали работел според тоа знаење? И дали им го пренел на тие кои требале да го добијат?
Трето: Имотот, како го заработил, дали на халал или на харам начин? И како го потрошил, за оно со што е задоволен Аллах или во она што ја предизвикува Аллаховата лутина?
Четврто: Телото, снагата, здравјето и младоста, како ги искористил?
Benefits
Аллаховите благодати кон Неговите робови се многубројни, и Тој ќе ги праша за тие благодати кои им ги дал, затоа треба да ги употребиме во она со што Тој е задоволен.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

