Делата се ценат според намерите, а на секој човек му припаѓа тоа што го наумил
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Се пренесува од Омер бин Хатаб, радијаллаху анху, дека рекол: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кажал: „Делата се ценат според намерата, а на секој човек му припаѓа тоа што го наумил, па така тој што наумил да направи хиџра кон Аллах и Неговиот пратеник, хиџрата ќе му биде кон Аллах и Неговиот пратеник, а кој наумил преселба заради корист од овој свет или заради брак со некоја жена, тогаш неговата преселба ќе биде за тоа што за што ја наумил.“ Во предание кое го пренесува Бухари стои: „Делата се ценат според намерите, а на секој човек му припаѓа тоа што го наумил.“
Explanation
Потоа Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, дал пример со кој го толкува влијанието на намерата во делата кои наизглед се идентични однадвор, ни појасни дека тој што наумил со својата преселба, оставајќи ја својата татковина, да го постигне задоволството на својот Господар, неговата хиџра ќе биде според според прописите и прифатена, ќе биде награден за неа заради искреноста во намерата, додека тој што наумил со својата преселба некоја овосветска корист: пари, углед, трговија или брак, тој со својата преселба ќе ја има само таа корист за која ја направил, и нема да биде награден со севапи.
Benefits
Дела со кои се приближуваме кон Аллах Возвишениот, ако човекот ги направи како обичај, тогаш нема да има награда за тоа дело, се додека не науми со тоа дело да му се приближи на Аллах.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

