„Возвишениот Аллах наредил доброчинство и убаво однесување во секоја работа
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Од Шедад бин Евс, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: Две работи ги запомнив од Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: „Возвишениот Аллах наредил доброчинство и убаво однесување во секоја работа. Па и кога убивате, направете го тоа на лесен начин, а кога колете животно направете го тоа што полесно. Секој од вас нека го наоштри ножот за да не го измачува животното."
Explanation
Добродетелство дури и кога се извршува егзекуција како казна за убиство: така што ќе се одбере брз, најлесен и најмалку мачен начин на егзекуција.
Додека добродетелство кога колеме некое животно е: да го наостриме ножот пред колењето, да не го остриме предметот пред животното додека тоа гледа во истиот, и да не го колеме додека има некој кој поминува и може да го види чинот на колењето.
Benefits
Добрина дури и кога вршиме егзекуција и колење така што ќе го направиме на пропишан начин.
Шеријатот е совршен и ги опфаќа сите добрини, меѓу останатото е: милост и убаво постапување кон животните.
Забрана на унаказување на човечкото тело откако ќе биде убиен.
Забрана на сите облици на измачување на животното.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

