„Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, жртвуваше два рогати црни овна со белило на врвовите на влакната. Ги закла со своја рака, изговарајќи ,Бисмиллах‘ и ,Аллаху екбер‘, а потоа ја стави својата нога врз нивните бокови.“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Енес, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: „Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, жртвуваше два рогати црни овна со белило на врвовите на влакната. Ги закла со своја рака, изговарајќи ,Бисмиллах‘ и ,Аллаху екбер‘, а потоа ја стави својата нога врз нивните бокови.“
Explanation
Benefits
Најдобро е курбанот да биде од видот што го жртвувал веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, бидејќи има убав изглед, а неговото месо и маст се највкусни.
Имамот Невеви вели: „Препорачливо е човек самиот да го заколе својот курбан. Ако му го препушти на друг, тоа треба да биде само од оправдана причина. Во таков случај, се препорачува да присуствува при колењето. Доколку му го довери на друг муслиман, тоа е дозволено без разногласие.“
Ибн Хаџер вели: „Од хадисот разбираме дека при колењето е препорачливо да се изговори ,Бисмиллах‘ и ,Аллаху екбер‘. Исто така, се препорачува да се стави ногата врз десната страна на вратот на курбанот. Сите исламски алими се согласни дека животното треба да се положи на левата страна, за да му биде полесно на колачот – со левата рака да ја држи главата, а со десната да го користи ножот.“
Препорачливо е курбанот да биде со рогови, но дозволено е да биде и без рогови.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

