„Знајте дека дуњалукот е проколнат – и проколнато е сè што се наоѓа во него, освен спомнувањето на Аллах, она што Тој го сака, и учениот или ученикот.“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, рекол: Го слушнав Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Знајте дека дуњалукот е проколнат – и проколнато е сè што се наоѓа во него,
освен спомнувањето на Аллах, она што Тој го сака, и учениот или ученикот.“
Explanation
Исклучок од ова се:
– спомнувањето на Аллах (зикр),
– сè што води кон Неговата близина и послушност Нему,
– учените што пренесуваат шеријатско знаење,
– и оние што тоа знаење го бараат и го учат.
Benefits
Сè што е од овоземните уживања е безвредна игра и забава – освен она што е насочено кон спомнувањето на Аллах и што води кон Неговата блискост.
Хадисот ја истакнува вредноста на знаењето, и вредноста на оние што го поседуваат и го учат.
Ибн Тејмије вели: „Од дуњалукот е осудено она што е харам и се користи надвор од дозволената цел, или она што е халал но се користи за натпреварување, горделивост, покажување и фалење. Тоа е она што е омразено кај разумните луѓе.“
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

