,О, Хаким, овој имот е зелен и сладок
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Хаким бин Хизам, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: „Го замолив Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и тој ми даде. Потоа повторно го замолив, и пак ми даде. Потоа ми рече: ,О, Хаким, овој имот е зелен и сладок. Кој го земе (она што му следува) со задоволство и без покажување алчност, ќе има бериќет во него. А кој го земе со ненаситност, нема да има бериќет и ќе биде како оној што јаде, но не се заситува. Горната рака е подобра од долната.‘
Јас реков: ,О, Божји пратеник, се колнам во Оној Кој те испрати со вистината, после тебе никогаш нема да побарам ништо од никого, сè додека сум жив.‘
После тоа, Ебу Бекр, Аллах нека е задоволен со него, го повикуваше Хаким за да му даде дел од имотот, но тој одбиваше да земе. Исто така и Омер, Аллах нека е задоволен со него, го повика за да му даде, но и од него одбиваше.
Тогаш Омер им рече на муслиманите:
,Јас му го нудам неговиот дел што Аллах му го определил од воениот плен, а тој одбива да го земе.‘
И Хаким, Аллах нека му се смилува, не побара ништо од никого по Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, сè до неговата смрт.“
Explanation
Benefits
Укажување во големата дарежливост на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кој давал како оној што никогаш не се плаши од сиромаштија.
Препорачливо е да се упатуваат совети и да се настојува да се биде корисен за браќата кога им се помага, бидејќи тогаш срцето е најподготвено да прифати убав збор и поука.
Воздржување од барање од луѓето и да се одвраќа од тоа, особено кога за тоа нема вистинска потреба.
Осуда на алчноста за што повеќе имот и на постојаното просење.
Ако некој упорно и наметливо бара, дозволено е да му се одбие барањето, да не се исполни неговата желба и да се посоветува со поука за воздржаност и да не инсистира на просење.
Никој нема право да земе нешто од државната каса на муслиманите сè додека тоа не му биде доделено од имамот; пред поделбата на воениот плен тој имот не му припаѓа.
Дозволено е човек да побара ако има потреба.
Ибн Хаџер рекол: „Од хадисот се разбира дека имамот треба да ја истакне штетата од барањето/просењето, дури по исполнување на потребата, за поуката да се прифати полесно и да не се помисли дека советот е причина за ускратување.“
Хадисот ја нагласува доблеста на Хаким, Аллах нека е задоволен со него, и неговата истрајност во исполнувањето на заветот што го дал на Аллах и на Неговиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.
Исхак бин Рахавеј рекол: „Хаким, Аллах нека е задоволен со него, почина како еден од најбогатите Курејшии.“
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

