„Во Џенетот има една врата која се вика Ер-Рејан. На Судниот ден низ неа ќе влегуваат само постачите – никој друг нема да влезе преку таа врата
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Сехл, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Во Џенетот има една врата која се вика Ер-Рејан. На Судниот ден низ неа ќе влегуваат само постачите – никој друг нема да влезе преку таа врата. Ќе се повика: ,Каде се постачите?‘ – и тие ќе станат и ќе влезат. Кога ќе влезат, вратата ќе се затвори и никој друг нема да може да влезе преку неа.“
Explanation
Benefits
Аллах определил посебна врата од вратите на Џенетот исклучиво за постачите. Кога тие ќе влезат, вратата ќе се затвори.
Хадисот појаснува дека Џенетот има повеќе врати.
Имамот ес-Синди вели: „Зборовите ,Каде се постачите?‘ се однесуваат на оние што многу постат – било да се побожни или грешни – сè додека постот им е постојана навика, а не нешто што го прават повремено.“
Името Ер-Рејан потекнува од збор што значи напоен – бидејќи постачите често чувствуваат жед, особено во долги и жешки летни денови. Како награда, Аллах им определил посебна врата со такво име – Ер-Рејан, што означува утолување на жедта. Тоа е вратата низ која ќе влезат, поради нивната жртва – жедта и гладта што ја поднесувале за Аллах.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

