„Возвишениот Аллах вели: Секое дело што го прави синот Адемов, му припаѓа нему, освен постот! Навистина, постот е Мој и Јас го наградувам за него
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Возвишениот Аллах вели: Секое дело што го прави синот Адемов, му припаѓа нему, освен постот! Навистина, постот е Мој и Јас го наградувам за него. Постот е штит, кога некој од вас пости, нека не зборува простаклаци и нека не го крева гласот, расправајќи се, ако некој го навреди или се степа со него, нека каже: ,Јас постам!‘ Се колнам во Оној во чија рака е душата на Мухамед, здивот од устата на постачот е поубав кај Аллах од мирисот на мошус. Постот има две радости: една кога ќе го заврши постот и друга кога ќе Го сретне својот Господар, и ќе се израдува на својот пост!“
Explanation
„Секое добро дело на потомците Адамови ќе се множи десет до седумстотини пати, освен постот. Аллах вели постот е Мој и во него не се појавува лицемерието, и Јас ќе наградам за него, и само Јас ја знам висината на наградата и умножувањето на човековите добри дела.“
Потоа рече: (А постот е штит) и заштита, перде и силна тврдина која штити од Џехенемот. Затоа што тоа е воздржување од страстите и правење гревови, а Џехенемот е опкружен со страстите.
(Па ако е ден кога некој од вас пости, нека не работи или зборува непристојно) како што се сексуалниот однос и неговите предуслови, ниту пак со вулгарни зборови.
(И нека не го подигнува гласот) во расправии и препирки.
(Ако некој го навреди или се кара со него) за време на рамазан, нека каже: „Јас сум постач.“ Можеби ќе престане да го прави тоа, но доколку продолжи да се кара, тогаш ќе се брани според тоа колку е нападнат.
Тогаш тој, Аллаховиот мир и спас нека е над него, се заколнал во Оној во чија рака е неговата душа дека промената на миризбата во устата на тој што пости, на Аллах ќе Му биде попријатна на Судниот ден отколку мирисот на мошусот кој го имаме, и ќе имаме поголема награда од користењето на мошусот кој се препорачува во петочниот намаз и на седенките на кои се спомнува Аллах.
Тој што пости има две радости: кога го прекинува постот, се радува на престанувањето на гладот и жедта, бидејќи му е дозволено да го прекине постот, и се радува на потполнување на постот и завршувањето на неговиот ибадет, за олеснување од Господарот и помошта да го продолжи неговиот пост.
(А кога ќе го сретне Господарот свој, тој му се радува на постот) за неговата награда и добивка.
Benefits
Еден од адабите на постот е да се избегнува непристојниот говор и непримерното зборување и да се биде трпелив на лошото однесување од луѓето и да се одговари на нивните навреди со трпение и љубезност.
Ако тој што пости и прави богоугодни дела е среќен поради потполнувањето и завршеток на неговиот ибадет, тоа нема да му ја намали неговата награда на идниот свет.
Потполната радост е во средбата со Возвишениот Аллах, кога на трпеливите и на постачите ќе им се додели неограничена награда.
Да ги информираме другите за ибадетот, кога е тоа потребно и кога е од интерес, не е лицемерие, како што е кажано: (Јас постам).
Постачот чиј пост е целосен е оној чии екстремитети не прават гревови, чиј јазик не лаже, не е вулгарен и лажно не сведочи, а стомакот апстинира од храна и пиење.
Забранета е галамата, кавгата и викањето додека се пости, како што е забрането и за тие кои не постат.
Овој хадис, во кој Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, пренесува говор од Аллах, се нарекува хадис кудси или хадис илахи (божествен хадис). Тоа е хадис чиишто изрази и значења се од Семоќниот Аллах, но ги нема оние карактеристики на Куранот со кои тој се одликува, како што се: неговото цитирање претставува чин на обожување, обврската да бидеме чисти кога го допираме, Куранот е предизвик кон сите луѓе и некои други специфичности.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

