„Дадени ми се пет работи кои не му биле дадени никому пред мене
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Џабир бин Абдулах, радијаллаху анхума, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Дадени ми се пет работи кои не му биле дадени никому пред мене: помогнат сум со стравот што го чувствуваат непријателите на растојание од едномесечно патување; целата површина на Земјата е место за молитва и средство за чистење и каде и да го стигне почетокот на молитвата било кој поединец од мојот умет, нека се моли таму; дозволен ми е воениот плен кој не му е дозволен на ниеден пред мене, дозволен ми е шефаат-посредување (на Судниот ден), веровесниците се испратени само на својот народ, додека јас сум испратен на целото човештво.“
Explanation
Прво: помогнат сум со страв кој е уфрлен во срцата на моите непријатели, иако помеѓу мене и нив има раздалеченост од еден месец патување.
Второ: Земјата ни е дадена како место за намаз, ќе клањаме каде што ќе се наоѓаме, и исто така со неа се чистиме кога не можеме да најдеме вода.
Трето: дозволен ни е воениот плен, а тоа е оној што муслиманите го запленуваат во војната со неверниците.
Четврто: даден ми е големиот шефаат, со кој ќе им олесни на луѓето од тешкотијата на исчекувањето на Судниот ден.
Петто: испратен сум до сите суштества – луѓето и џините, за разлика од претходните веровесници кои беа испратени само до нивниот народ.
Benefits
Почеста која Возвишениот Аллах му ја дал на овој умет и на Неговиот пратеник со овие одлики.
Обврска на извршување на намазот навремено во било какви ситуации, исполнувајќи ги според можностите неговите шартови, рукнови и фарзови.
Има неколку видови на шефаат со кои е одликуван Пратеникот, алејхи селам, во однос на останатите веровесници. Еден од нив е неговиот шефаат на Судниот ден да се започне со судењето. Вториот вид е шефаат за жителите на Џенетот да влезат (што побрзо) во Џенетот. Еден од видовите е посредувањето за неговиот чичко Ебу Талиб во намалувањето на казната во огнот, но не и за излегувањето од него, бидејќи тој умрел како неверник.
Има многу особини на Пратеникот, алејхи селам, кои не беа спомнати во овој хадис, меѓу нив се: му беа дадени сеопфатни зборови, веровесништвото е запечатено со него а нашите сафови се како сафовите на мелеците, но и други одлики.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

