„Се колнам во Оној во чија рака е душата на Мухамед, секој било да е евреин или христијанин што ќе чуе за мене, а потоа ќе умре и нема да поверува во она со кое сум испратен, ќе биде од жителите на огнот.“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Се колнам во Оној во чија рака е душата на Мухамед, секој било да е евреин или христијанин што ќе чуе за мене, а потоа ќе умре и нема да поверува во она со кое сум испратен, ќе биде од жителите на огнот.“
Explanation
Benefits
Кој не верува во Аллаховиот пратеник, алејхи селам, нема да му користи неговото верување во другите пратеници, Аллаховиот мир и спас нека е над сите нив.
Тој што не слушнал за Аллаховиот пратеник, алејхи селам, и до кого не стигнала пораката на исламот, таквиот има оправдување и на Судниот ден Аллах ќе одлучи што ќе биде со него.
Користа од прифаќањето на исламот ќе се постигне доколку се случило пред да настапи смртта, па дури иако човекот има тешка болест, битно е да не стигнала душата до гркланот.
Чин на неверство е да ги сметаме другите религии за исправни, како на пример христијанство и јудеизмот.
Спомнувањето на христијаните и евреите овде е заради тоа што им е објавена книга, но хадисот укажува и на сите други религии. Ако е ваква состојбата на христијаните и евреите кои ја имаат книгата, тогаш останатите, кои ја немаат книгата, се поповикани да веруваат во Божјиот пратеник. Должноста на сите е да ја прифатат оваа вера и да го следат Аллаховиот пратеник, алејхи селам.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

