„Оваа вера ќе се прошири дотаму до каде што достигнува ноќта и денот. Аллах нема да остави ниту една куќа во урбана средина, ниту пак во рурална или пустинска област, а да не ја внесе во неа оваа вера
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Од Темим ед-Дари, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Оваа вера ќе се прошири дотаму до каде што достигнува ноќта и денот. Аллах нема да остави ниту една куќа во урбана средина, ниту пак во рурална или пустинска област, а да не ја внесе во неа оваа вера – почест за оние кои ќе ја прифатат и понижување за оние кои ќе ја одбијат. Чест преку која Аллах ќе го возвиши исламот и понижување преку кое Аллах ќе го понижи неверството.“
Темим ед-Дари често велел: „Го видов тоа во моето семејство. Оние од нив кои го прифатија исламот добија добро, почест и достоинство, а оние кои останаа неверници беа понижени, омаловажени и обврзани да плаќаат џизија.“
Explanation
Потоа, асхабот Темим ед-Дари, Аллах нека е задоволен со него, изјавил дека го видел исполнувањето на она за што известил Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кај своето семејство. Оние од неговото семејство кои го прифатиле исламот стекнале добро, чест и достоинство, додека оние кои останале неверници доживеале понижување и омаловажување, покрај обврската и да им плаќаат данок на муслиманите.
Benefits
Гордоста му припаѓа на исламот и муслиманите, а пониженоста на неверството и неверниците.
Ова е еден од доказите за пратеништвото и знак на неговата вистинитост, бидејќи се случило токму онака како што наговестил Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

