„,Нема друг бог освен Аллах! Тешко на Арапите од злото што им се приближило! Денес е отворен дел од преградата на Јеџуџ и Меџуџ, во големина како ова.‘
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Од Зејнеб бинт Џехш, Аллах нека е задоволен со неа, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, дошол кај неа вознемирен и рекол: „,Нема друг бог освен Аллах! Тешко на Арапите од злото што им се приближило! Денес е отворен дел од преградата на Јеџуџ и Меџуџ, во големина како ова.‘ – и со прстите формирал круг, спојувајќи го палецот со показалецот.
Тогаш Зејнеб бинт Џехш прашала: ,О, Божји пратенику, зарем ќе бидеме уништени иако меѓу нас има добри луѓе?‘
Тој одговорил: ,Да, кога ќе се рашири расипаноста.‘“
Explanation
„Нема друг бог освен Аллах!“
Со овие зборови укажа на претстојната опасност и непријатност што ќе се случи, од која нема спас освен со прибегнување кон Возвишениот Аллах. Потоа рече: „Тешко на Арапите од злото што се приближува! Денес е отворен дел од преградата на Јеџуџ и Меџуџ, ѕидот што го изградил Зул-Карнејн, во големина како ова.“
И со прстите формирал облик на круг, спојувајќи го палецот со показалецот. Тогаш Зејнеб, Аллах нека е задоволен со неа, прашала: „О, Божји пратенику, зарем Аллах ќе нѐ изложи уништување иако меѓу нас има верници и добри луѓе?“ Тој ѝ одговорил: „Да, кога ќе се рашири расипаноста како што се неморалот, јавните и тајните гревови, прељубата, алкохолот и сè друго што го уништува општеството – тогаш уништувањето ќе ги опфати сите.“
Benefits
Поттик за осудување на гревовите и спречување на нивното ширење.
Општото уништување доаѓа поради множењето и ширењето на гревовите и нивното неспречување, дури и ако меѓу луѓето има многу добри луѓе.
Несреќите ги зафаќаат сите, како добрите така и расипаните, но на Судниот ден секој ќе биде проживеан според своите намери.
Во зборовите: „Тешко на Арапите од злото што се приближило“ посебно се нагласени Арапите, бидејќи во тој момент тие биле мнозинството што го прифатило исламот.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

