„О Ебу Хурејре, земи ги овие мои сандали и оди надвор од градината. Кого и да сретнеш, кој искрено сведочи со своето срце дека нема друг вистински бог освен Аллах – израдувај го со веста дека ќе влезе во Џенет.“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: „Седевме околу Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем – а со нас беа и Ебу Бекр, Омер и уште неколкумина. Во еден момент Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, стана и замина, но долго не се враќаше. Се загриживме дека можеби му се случило нешто. Станавме вознемирени, јас се вознемирив прв и тргнав да го барам.
Стигнав до една градина што му припаѓаше на племето Бену Неџар. Околу неа барав влез, но не најдов врата. Тогаш здогледав поток (ребиʿ) што влегуваше во градината од надворешна бунарска страна. Се протнав преку него, како што се провлекува лисица, и влегов кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.
Кога ме виде, рече:
– „Ебу Хурејре?“
– „Да, о Аллахов пратенику.“
– „Што те донесе овде?“
– „Беше со нас, па стана и не се врати долго. Се исплашивме дека нешто ти се случило. Јас се вознемирив прв и дојдов до оваа градина, се протнав како лисица – а другите ги оставив зад мене.“
Потоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ми ги даде своите сандали и рече:
– „О Ебу Хурејре, земи ги овие мои сандали и оди надвор од градината. Кого и да сретнеш, кој искрено сведочи со своето срце дека нема друг вистински бог освен Аллах – израдувај го со веста дека ќе влезе во Џенет.“
Првиот што го сретнав беше Омер. Тој ме праша:
– „Што се овие сандали, Ебу Хурејре?“
– „Ова се сандалите на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем,“ – реков. – „Ме испрати со нив да израдувам секого што ќе го сретнам и искрено сведочи дека нема друг вистински бог освен Аллах – со веста дека ќе влезе во Џенет.“
Омер ме удри со раката во градите така што паднав на грб, па рече:
– „Врати се, Ебу Хурејре!“
Се вратив кај Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и заплакав. Веднаш по мене дојде и Омер. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, праша:
– „Што се случи, Ебу Хурејре?“
– „Го сретнав Омер и му кажав што ме испрати да направам. Тој ме удри во градите така што паднав, и ми рече да се вратам.“
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, го праша Омер:
– „О Омер, зошто го направи тоа?“
– „О Божји пратенику, толку си ми драг што татко ми и мајка ми би ги жртвувал за тебе – навистина ли го испрати Ебу Хурејре со своите сандали за да израдува секого што искрено сведочи дека нема друг бог освен Аллах – со веста за Џенет?“
– „Да,“ – одговори Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем.
Омер рече:
– „Те молам, немој така! Се плашам дека луѓето ќе се потпрат само на тоа сведочење и ќе ги остават делата – затоа остави ги нека работат.“
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече:
– „Остави ги нека работат.“
Explanation
Benefits
Пропишаноста на пренесувањето радосни вести.
Иманот се манифестира со говор, дело и убедувања.
Кади Ијад и други учени велат: „Постапката на Омер, Аллах нека е задоволен со него – кога се вратил кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и го замолил да го запре Ебу Хурејре – не била спротивставување или одбивање на неговата наредба. Бидејќи пораката која Ебу Хурејре требаше да ја пренесе била радосна вест и охрабрување за уметот. Но, Омер сметал дека е подобро таа вест да се задржи, за луѓето да не се потпрат само на сведочењето, занемарувајќи ги делата. Тој верувал дека ќе биде покорисно за нив да продолжат да работат и да се трудат, отколку да се препуштат на предвремената радост за Џенетот. Кога ова го изложил пред Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, тој го одобрил неговото мислење.“
Ен-Невеви вели: „Овој хадис укажува дека кога имамот или големецот што има општа власт ќе искаже некое мислење, а некој од следбениците има различно мислење, следбеникот треба да му го изложи своето мислење на својот водач. Ако водачот утврди дека следбеникот е во право – треба да го прифати неговото мислење; а ако не – треба да му ја појасни дилемата која го мачи.“
Дозволено е да се воздржи од пренесување одредено знаење кога за тоа нема вистинска потреба – било поради постигнување поголема корист, било од страв дека може да предизвика штета.
Овој хадис претставува голема радосна вест за следбениците на тевхидот и дека оној што ќе умре искрено сведочејќи дека нема друг вистински бог освен Аллах – ќе влезе во Џенет.
Од оваа случка се истакнува силниот карактер на Омер, Аллах нека е задоволен со него, неговата мудрост и длабокото и исправното разбирање на верата.
Ен-Невеви рекол: „Овој хадис укажува дека е дозволено да се влезе во туѓ имот без претходна дозвола, ако човекот е сигурен дека домаќинот тоа би го прифатил – поради блиска врска или друга слична причина.“
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

