„Две групи на луѓе од пеколот не сум ги видел. Луѓе со камшици како опашки на крави со кои ги удираат луѓето и жени облечени, а голи, кои се нишаат при одење
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Две групи на луѓе од пеколот не сум ги видел. Луѓе со камшици како опашки на крави со кои ги удираат луѓето и жени облечени, а голи, кои се нишаат при одење, а главите им се како грба на „Бухт“ (долговратна камила). Тие нема да влезат во Џенетот ниту ќе ја почувствуваат неговата миризба, а таа оддалеку се чувствува.“
Explanation
Првиот вид на луѓесе оние кои носат камшици долги колку кравји опашки со кои ги тепаат луѓето. Тие се полицијата и помошниците на неправедните владетели кои ќе ги угнетуваат недолжните луѓе.
Вториот вид: жени кои ќе ја соблечат облеката на чедноста и срамот која им е природно вродена.
Пратеникот рече дека тие формално се покриени, но во суштина се како голи. Имено, тие носат проѕирна облека која го отсликува нивната кожа, или едниот дел од телото го покриваат, а другиот го откриваат, и со тоа ја покажуваат својата убавина. Ги заведуват машките срца со нивниот начин на одење и облекување. Извртувајќи се додека одат, со што ги доведуваат другите во искушението и заблудата во која се наоѓаат и тие самите. Друга карактеристика за нив е тоа што нивните глави се како искривени грпки на камили. Тие ја менуваат формата на главата, зголемувајќи ја со обвиткување крпа над неа и слично. Пратеникот ги споредува нивните глави со грбовите на камилите бидејќи тие ја креваат косата и плетенките над нивните глави, а потоа косата се навалува на една од страните од главата. На сличен начин се навалува и грпката на камилата. Голема закана на оној свет е за оние жени кои ги имаат овие карактеристики. Тие нема да влезат во Џенетот, ниту ќе му се приближат, ниту ќе го помирисаат неговиот мирис, иако тој се чувствува на голема далечина.
Benefits
Забранеето е да ги помагаме насилниците во нивната неправедност.
Предупредувањето за жените да не се откриваат и да не носат тесна и проѕирна облека која ги оцртува нивните срамни делови на телото.
Поттик за муслиманката да се придржува кон она што Возвишениот Аллах ѝ го заповедал и да се оддалечат од она што го предизвикува Неговиот гнев, она што ќе ѝ предизвика болно и постојано страдање на Ахиретот.
Овој хадис е еден од доказите на пратеништвото на Аллаховиот пратеник, бидејќи, ни посочил дека некои работи ќе се случат во иднина, и истите се случија како што наговести.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

