,Нема муслиман што ќе земе абдест темелно, а потоа ќе клања два рекатa со целосна посветеност на срцето и лицето, а Џенетот да не му биде задолжителен.‘
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Од Укбе бин Амир, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: „Бевме задолжени да се грижиме за камилите. Кога дојде мојата смена, ги напоив до вечерта, а потоа отидов и го затекнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како стои и ги поучува луѓето. Го слушнав како вели: ,Нема муслиман што ќе земе абдест темелно, а потоа ќе клања два рекатa со целосна посветеност на срцето и лицето, а Џенетот да не му биде задолжителен.‘
Тогаш реков: ,Колку е прекрасен овој говор!‘ Но некој пред мене рече: ,Претходниот говор беше уште попрекрасен.‘ Кога погледнав, го видов Омер, кој ми рече: ,Те видов дека штотуку дојде.‘ И продолжи:
,Нема ниту еден од вас што ќе земе абдест темелно и потполно, а потоа ќе изговори: Сведочам дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Неговиот роб и пратеник – а да не му се отворат осумте врати на Џенетот, за да може да влезе низ која сака.‘“
Explanation
Првата: Кој ќе земе абдест на темелен, потполн и правилен начин, следејќи го Сунетот, така што секој дел од телото ќе биде измиен со доволна количина вода, а потоа ќе изговори: „Сведочам дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Неговиот роб и пратеник,“ ќе му се отворат осумте врати на Џенетот, и ќе може да влезе низ која сака.
Втората: Кој ќе земе ваков темелен абдест, а потоа ќе клања два реката со искрена посветеност на срцето, со смиреност и покорност пред Аллах, и со скрушеност на сите делови од телото, ќе му биде загарантиран Џенетот.
Benefits
Пропишано е темелното и потполно извршување на абдестот, како и клањањето два реката со смиреност и посветеност по него, со што се постигнува голема награда.
Темелното извршување на абдестот и изговорот на овој зикр по него се од причините за влез во Џенетот.
Исто така, препорачливо е овој зикр да се изговори и по извршување на верското капење – гусул.
Асхабите се одликувале со грижа за доброто, силна желба за учење и пренесување на знаењето, како и со меѓусебна помош во секојдневните потреби.
Зикрот што се изговара по абдестот го чисти и ослободува срцето од ширкот, исто како што абдестот го чисти телото од надворешната нечистотија.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

