„Возвишениот Аллах ќе им рече на жителите на Џенетот: ,О, жители на Џенетот!‘ Тие ќе одговорат: ,Ти се одѕиваме, Господару наш!‘ Потоа Аллах ќе праша: ,Дали сте задоволни?‘ Тие ќе речат: ,Како да не бидеме задоволни кога ни го даде она што не си му го дал на ниту едно од твоите созданија?‘
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Од Ебу Сeид ел-Худри, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Возвишениот Аллах ќе им рече на жителите на Џенетот: ,О, жители на Џенетот!‘ Тие ќе одговорат: ,Ти се одѕиваме, Господару наш!‘ Потоа Аллах ќе праша: ,Дали сте задоволни?‘ Тие ќе речат: ,Како да не бидеме задоволни кога ни го даде она што не си му го дал на ниту едно од твоите созданија?‘ Тогаш Аллах ќе рече: ,Ќе ви дадам нешто уште повредно од тоа.‘ Тие ќе прашаат: ,Господару наш, а што е повредно од тоа?‘ Аллах ќе одговори: ,Ќе го спуштам Моето задоволство врз вас, и потоа никогаш нема да се налутам на вас.‘“
Explanation
Benefits
Аллах ќе им ја соопшти радосната вест на жителите на Џенетот дека е задоволен со нив, дека ќе го спушти Неговото трајно задоволство врз нив и ќе им каже дека никогаш нема да се налути на нив.
Сите жители на Џенетот ќе бидат задоволни со својата состојба, иако нивните положби и степени се различни, затоа што сите тие ќе одговорат со истите зборови: „Ни го даде она што не си му го дал на ниту едно од твоите созданија.“
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

