Сè што опива е забрането (харам).
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Ебу Бурда пренесува од неговиот татко, Ебу Муса ел-Ешари, Аллах нека е задоволен со обајцата, дека: Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, го испратил во Јемен, па го прашал за пијалаците што таму се правеле. Тој рече: „Кои се тие?“ Тој одговорил: „Бит' и мизр.“ Му било речено на Ебу Бурда: „Што е бит'?“ Тој рекол: „Ферментирана напивка од мед.“ А мизр е: „Ферментирана напивка од јачмен.“ Тој рече: „Сè што опива е харам.“ – го бележи Бухари. Муслим, овој хадис, го бележи со следниот текст:
„Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ме испрати мене и Муаз во Јемен. Па реков: ,О, Божји пратенику, во нашата земја има пијалак што се прави од јачмен и се вика мизр, и пијалок што се вика бит‘ од мед.‘ Тој рече: ,Сè што опива е харам.‘“ Во друга верзија кај Муслим стои: „Тој рече: Сè што опива и одвраќа од намазот е харам.“ Во една негова верзија стои: „Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, беше даруван со концизни, но сеопфатни зборови, па рече: Забранувам сè што опива и одвраќа од намазот.“
Explanation
Benefits
Хадисот претставува основа за забраната на сите видови опојни средства – како што се алкохолот, дрогите и сличните на нив.
Важноста да прашуваме за работите кои се важни за муслиманот.
Првата забрана за консумирање алкохолна напивка била во време на настапување на времето на намазот, кога некој од мухаџирите клањал и читал во намазот, па му се измешале ајетите. Тогаш Аллах ги објавил следните зборови: „О, верници, не пристапувајте на намаз (молитва) пијани сè додека не бидете свесни што изговарате.“ (Ен-Ниса, 43) По тоа, муезинот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, повикувал: „Нека не се приближува на намаз пијан човек.“ Подоцна, Аллах целосно ги забранил опојните пијалоци, со Неговите зборови: „О, верници, виното, коцката, идолите и стреличките за гатање се одвратни нешта, шејтаново дело; затоа избегнувајте ги, за да постигнете што сакате. Шејтанот сака со помош на виното и коцката меѓу вас да внесе непријателство и омраза, и да ве одврати од сеќавање на Аллах и од извршување на намазот (молитвата). Па, ќе престанете ли?“ (Ел-Маиде, 90-91)
Возвишениот Аллах ја забранил алкохолната напивка затоа што таа во себе содржи големи штети и сериозни зла.
Критериум за забраната е доколку пијалокот опива. Доколку небизот или кој било друг пијалак предизвикува опивање – тој е харам. А ако не предизвикува опивање – дозволен е.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

