,Ме праша за голема работа, но лесно му е на оној кому Аллах му олеснува
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Од Муаз бин Џебел, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: „Реков: ,О Алахов Пратенику, извести ме за дело кое ќе ме воведе во Џенетот и ќе ме оддалечи од Џехенемот.‘ Тој рече: ,Ме праша за голема работа, но лесно му е на оној кому Аллах му олеснува: обожувај го Аллах и не Му придружувај ништо, клањај го намазот, давај зекат, пости го месецот рамазан и изврши го аџилакот.‘ Потоа рече: ,Сакаш ли да те упатам на вратите на доброто: Постот е штит, милосрдието ги брише гревовите како што водата го гаси огнот и човековиот намаз во длабочината на ноќта‘. Потоа го рецитираше ајетот: ,Боковите нивни од постела се креваат...' до крај на ајетот: ,скриени радости ги очекуваат‘, потоа рече: ,Сакаш ли да те информирам за главата, столбот и врвот на сето ова?‘ Реков: ,Сакам, о Аллахов пратенику.‘ Тој рече: ,Главата на ова е исламот, столбот е намазот, а врвот е борбата на Аллаховиот пат.‘ Потоа рече: ,Сакаш ли да те известам за она со што ќе го сочуваш сето ова?‘ Реков: ,Сакам, о Аллахов пратенику.‘ Го фати јазикот со раката и рече: ,Контролирај го ова!‘, ,О Аллахов Пратенику, дали ќе бидеме прашани за тоа што го зборуваме?‘, прашав. Тој рече: ,Тешко на мајка ти за тебе, зарем мислиш дека луѓето ќе бидат фрлени во Џехенемот со лицето или главите, поради нешто друго а не поради она што го кажуваше јазикот?‘“
Explanation
Прво: Да го обожуваш Аллах единиот, и да не Му здружуваш никого.
Второ: Да ги клањаш петте задолжителни намази во текот на деноноќието: сабах, пладне, икиндија, акшам и јација, со сите нивни шартови, рукнови и ваџиби.
Трето: Давањето на зекат, којшто претставува материјален ибадет од обврзувачки карактер, и се дава од секој вид на имот кој ќе ја достигне определената вредност според верозаконот, а им се дава на тие кои го заслужуваат.
Четврто: Постот на месецот рамазан, а тоа значи со намера за ибадет да се воздржиме од храна, пијалаци и други работи кои можат да го поништат постот, во период од зората до заоѓањето на Сонцето.
Петто: Аџилакот на Аллаховата куќа во Мека, со намера да ги извшиме неговите обреди, обожувајќи Го со тоа Возвишениот Аллах.‘
Потоа Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол: ,Зарем не сакаш да ти го покажам патот кој ќе те доведе до вратата на доброто? Со тоа што после овие ваџиби ќе продолжиш со нафили:
Прво: Доброволен пост, кој го спречува човекот да падне во искушение заради своите страсти, и му ја намалува силата.
Второ: Доброволната милостина ги брише направените гревови, прави тие да исчезнат и да се изгубат трагите.
Трето: Ноќен намаз во последната третина на ноќта.‘ Аллаховиот пттратеник, алејхи селам, потоа ги рецитирал зборови на Возвишениот Аллах: ,Боковите нивни се креваат...‘ т.е. се оддалечуваат, ,Од постела‘ т.е. од креветот, ,На Господарот свој му се клањаат‘ во намаз, спомнувајќи Го, со рецитирање на Куранот и упатување на дови, ,Од страв и од желба, а дел од тоа што Ние им го даваме го споделуваат. И никој не знае какви, скриени радости ги очекуваат.‘ т.е. радост на Судниот ден и во Џенетот, ,како награда за тоа што го правеле.‘
Потоа Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол: ,Сакаш ли да те известам за основата на верата? За нејзиниот столб врз кој се потпира? И за нејзиниот врв?‘
Муаз, радијаллаху анху, рекол: ,Секако, о, Аллахов пратенику.‘
Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол: ,Главна (најважна) работа е: исламот и двете сведочења (шехадетот), со нив човекот станува верник.‘“ Столбот е: намазот, нема ислам без намаз, исто како што не постои куќа без столбови, па тој што клања неговата вера е силна и исправна; а врвот на таа вера е борбата против непријателите на верата и заради воздигнување на Аллаховиот збор.
Потоа, Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол: „Сакаш ли да те известам како да го засилиш и подобриш сево ова што е претходно спомнато?“ Пратеникот, алејхи селам, го фати својот јазик, и рече: „Забрани му на овој орган да зборува за сето она што не те засега.“ Муаз рекол: „Зарем ќе бидеме прашани и ќе одговараме кај Нашиот Господар, и зарем ќе не казнува за сето она што го кажуваме?!“
Тој, алејхи селам, рече: „Мајка нека те загуби!“ Со овие зборови не молеше против него, туку тоа е начин на говор на Арапите, за да предупредат за некоја работа на која требало да се внимава и да се знае, а потоа рекол: „Зарем има нешто што ќе ги фрли луѓето со лице во Џехенемот освен нивните јазици, кои искажале неверување, клеветење, навреда, озборување, лаги и слични работи.“
Benefits
Разбирањето на асхабите, радијаллаху анхум, било според знаењето дека делата се причина за влез во Џенетот.
Прашањето што го постави Муаз, радијаллаху анху, е големо прашање. Бидејќи во реалноста тоа е тајната на животот и постоењето на секое човечко суштество или џин, сите овие кои живеат на овој свет ќе бидат или во Џенетот или во Џехенемот, и затоа ова прашање беше големо.
Влегувањето во Џенетот се заснова на исполнување на петте столба на исламот, а тоа се: шехадетот, намазот, зекатот, постот и аџилакот.
Главната и најважната работа во верата, но исто така и најголема обврска е монотеизмот во верувањето на Аллах, во правењето на ибадети само Нему и да не Му припишуваме истоветен.
Аллаховата милост кон Неговите робови е во тоа што им ги отворил портите на добрината, за да се снабдат преку направените дела со награда и простување на гревовите.
Вредноста на доближувањето кон Аллах преку доброволните дела откако ќе ги исполниме тие со кои сме обврзани.
Намазот во исламот е како столбот врз кој се потпира шаторот. Исламот исчезнува ако и тој исчезне, исто како што паѓа шаторот кога ќе му падне столбот.
Обврска е да внимаваме на јазикот, во она што може да му наштети на човекот и на неговата вера.
Контролата на јазикот и воздржувањето од непотребен говор е основа на секое добро.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

