„О луѓе, навистина Аллах е Убав и не прифаќа освен она што е убаво. Аллах им го нареди на верниците истото што им го нареди и на пратениците
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Навистина Аллах е Убав и не прифаќа освен она што е убаво. И навистина Аллах им го нареди на верниците истото што им го нареди и на пратениците. Возвишениот Аллах вели: ,О, Пратеници, со дозволени и убави јадења хранете се и добри дела правете, бидејќи Јас добро знам вие што правите!‘ И вели: ,О, верници, јадете од добрата храна со која ве снабдивме и бидете Му благодарни на Аллах, ако навистина само Него Го обожувате!‘
Потоа го спомна човекот кој долго патува, со разбушавена коса и правлив, ги подига рацете кон небото и вели: ,Господару мој, Господару мој,‘ а неговата храна е харам, неговиот пијалак е харам, неговата облека е харам, и е хранет со харам, па како да му биде примена довата?“
Explanation
Потоа, алејхи селам, предупреди да не јадеме харам, кој ги поништува делата и не дозволува да бидат прифатени, без разлика колку причини сме исполниле за да бидат прифатени. Меѓу нив се:
Прво: Долгото патување со цел да направиме некое богоугодно дело како што се аџилакот, џихадот, одржувањето на семејни врски и др.
Второ: Ако косата е бушава затоа што не е исчешлана, а бојата на косата и облеката се смениле поради прав, бидејќи е во тешка ситуација.
Трето: Ги кренал рацете кон небото молејќи се.
Четврто: Упорно Го повикува Аллах со Неговите убави имиња: Господару! Господару!
И покрај овие причини за одѕив на молитвата, тој не беше слушнат; Тоа е затоа што она што го јаде, пие и она што го носи е харам, се храни со она што е харам, па ни оддалеку не е можен одѕив на оној со овие карактеристики, и како да му се одѕвие?!
Benefits
Наредба да бидеме искрени во делата, само за Аллах, и да бидат во согласност со праксата на Аллаховиот пратеник, алејхи селам.
Користење на она што поттикнува на дејствување, како што рекол Пратеникот, алејхи селам: „Аллах им наредил на верниците да го прават она што им го наредил на веровесниците“, ако верникот знае дека тоа е една од наредбите кон веровесниците, ќе биде охрабрен да се придржува кон тоа.
Една од причините довата да биде одбиена е конзумирањето на харам.
Меѓу причините за одѕив на довата се пет работи – едно од нив е: долгото патување, поради скрушеноста што ја носи, што е една од најголемите причини за одѕив. Втората причина е: во состојба на потреба. Третата причина: подигање раце кон небото. Четврта причина: истрајно да бараме од Аллах и постојано да го спомнуваме Неговото господство, што е една од најголемите причини за одѕив на довата. Петта причина: конзумирање на халал храна.
Конзумирањето на халал храна е една од причините кои ни помагаат да правиме добри дела.
Ел-Кади рекол: „Убавото е спротивно на лошото. Ако со овој опис се означи Возвишениот Аллах, тогаш тоа значи дека Тој е возвишен над секој недостаток и е чист од сите мани. Ако човекот се опише со овие зборови во општа смисла, тоа значи дека е далеку од моралните недостатоци и лошите дела, и го красат нивните спротивности. А кога овој збор се користи за имотот, значи дека тој е халал и дека припаѓа на најчистото и најдоброто од имотите.“
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

