„Она што ви го забранив – одбегнувајте го. А она што ви го наредив – извршувајте го колку што можете
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Ебу Хурејре, Абдурахман бин Сахр, Аллах нека е задоволен со него, рекол: Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Она што ви го забранив – одбегнувајте го. А она што ви го наредив – извршувајте го колку што можете. Навистина, оние пред вас беа уништени поради нивните бројни прашувања и поради нивното спротивставување на нивните веровесници.“
Explanation
Benefits
Кога станува збор за забранетото – ништо од него не е дозволено, без исклучок, додека наредбите се врзани со можноста на човекот, бидејќи оставaњето е нешто што секој може да го направи, додека извршувањето бара можност и способност тоа дело да се направи.
Забраната за поставување многу прашања е потенцирана. Алимите ги поделиле прашањата на два вида: Прво: Прашања кои се поставуваат за учење и разбирање на она што е неопходно од верата. Овие прашања се дозволени па дури и наредени, како што биле прашањата на асхабите. Второ: Прашања кои се поставуваат со цел претерано истражување и непотребно комплицирање. Токму ваквите прашања се забранети.
Предупредување до овој умет да не му се спротивставува на својот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како што тоа го правеа претходните народи.
Забранетото ги опфаќа и малите и големите нешта; за да се избегне, мора да се остави и најмалото и најголемото од него. Пример: каматата ни е забранета – и во мал износ и во голем.
Во значењето на „избегнување“ спаѓа и напуштањето на сите причини што водат кон забранетото.
На човекот не му прилега, кога ќе чуе наредба од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, да прашува: „Дали е тоа задолжително или препорачано?“ – туку е должен веднаш да постапи, бидејќи Пратеникот рекол: „Извршувајте го колку што можете.“
Многубројните прашања се причина за пропаст, особено кога се однесуваат на нешта до кои човекот не може да допре – како работите од гајбот (скриеното) или за состојбите/случките на Судниот ден. Затоа не треба да се поставуваат многу прашања за таквите работи, за да не си предизвикаме пропаст и да не бидеме од оние што одат до недозволените крајности.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

