HadeethEnc · 1.24.0
„Скогаш ќе постои група од мојот умет што јасно ќе ја следи вистината – сè додека не дојде Аллаховата одредба, и тие ќе останат во таа состојба.“
Available translations
Choose an available translation of this Hadeeth
01
Hadeeth text
Мугире бин Шубе, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Скогаш ќе постои група од мојот умет што јасно ќе ја следи вистината – сè додека не дојде Аллаховата одредба, и тие ќе останат во таа состојба.“
02
Explanation
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нѐ известил дека секогаш ќе постои група од неговиот умет што ќе остане на вистината, ќе биде над другите и ќе има надмоќ над оние што им се спротивставуваат – сè до моментот кога Аллаховата одредба ќе настапи и нивните души ќе бидат земени пред самиот крај на овој свет, пред настапувањето на Судниот ден.
03
Benefits
Ова е една од муџизите на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, бидејќи овој опис важи – со Аллахова помош – од неговото време па сè до денес, и ќе остане така сè додека не настапи Аллаховата одредба спомната во хадисот.
Укажување на величината на истрајноста во вистината и доследното придржување кон неа, како и поттик за такво однесување.
Надмоќта и доминацијата на верата се остваруваат на два начина: 1. Преку јасни аргументи, докази и објаснувања – и тоа останува трајно, бидејќи доказот на исламот е Куранот, кој е јасен и надмоќен над сè друго. 2. Преку сила и борба – што зависи од степенот на иманот и помошта и надмоќта што Аллах ќе им ја даде на муслиманите на Земјата.

Attribution
[متفق عليه]
Categories
Share
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares