HadeethEnc · 1.24.0
‚Ако сакате, ќе ви дадам – но во неа нема удел за богат човек, ниту за силен кој може да заработува.‘“
Available translations
Choose an available translation of this Hadeeth
01
Hadeeth text
Убејдулах бин Ади бин ел-Хијар раскажува: „Двајца мажи ми кажаа дека дошле кај Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, за време на прошталниот аџилак, кога тој ја делеше садаката, и го замолиле да им даде нешто од неа. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ги погледнал одозгора па надолу и забележал дека се здрави и силни. Па им рекол: ‚Ако сакате, ќе ви дадам – но во неа нема удел за богат човек, ниту за силен кој може да заработува.‘“
02
Explanation
Двајца мажи дошле кај Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, на прошталниот аџилак, во време кога ја делел садаката, и побарале од него да им даде нешто од неа.
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, повеќепати ги погледнал за да ја согледа нивната состојба – дали имаат право на садака или не. Кога видел дека двајцата се силни луѓе, им рекол: „Ако сакате, ќе ви дадам од садаката. Но во неа нема удел за оној што има имот доволен за своја издршка, ниту за оној што е способен да работи и да заработува – дури и ако во моментот нема имот со кој би се сметал за богат.“

03
Benefits
Забрана за барање садака од страна на богат човек или силен кој може да заработува.
Основното правило за оној за кого не е познато дека има имот, е дека се смета за сиромав и заслужува садака.
Самата сила (способност) не значи дека човекот нема право на садака – туку неопходно е таа да биде придружена со способност за заработка.
Оној што е способен да заработува доволно за својата издршка, не смее да зема од задолжителната садака (зекат) – затоа што со својата работа има издршка, како што богатиот има издршка со својот имот.
Ова е дел од инспиративното воспитување на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем – со кое ја гради муслиманската личност како достоинствена и самостојна, која тежнее кон давање и дарежливост, а не кон просење, примање и мрзеливост.

Attribution
[رواه أبو داود والنسائي]
Categories
Share
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares