Дали знаете што вели вашиот Господар?' Присутните рекоа: ,Тоа најдобро го знаат Аллах и Неговиот пратеник.' Рече: ,Некои мои робови се разбудија како верници а некои како неверници
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Зејд ибн Халид ел Џухени, Аллах нека е задоволен со него, пренесува: „Божјиот пратеник нè предводеше на утринскиот (сабах) намаз кај Худејбије по една дождлива ноќ. По намазот се сврте кон луѓето и рече: ,Дали знаете што вели вашиот Господар?' Присутните рекоа: ,Тоа најдобро го знаат Аллах и Неговиот пратеник.' Рече: ,Некои мои робови се разбудија како верници а некои како неверници. Тие што рекоа: Врне дожд поради Аллаховата добрина и сомилост, се верници и тие не веруваат во планетите. Другите кои рекоа врне дожд поради оваа позиција на ѕвездите не веруваат во Мене, туку веруваат во планетите.'"
Explanation
Benefits
Кој ја припишува благодатта на дождот или другите благодати на ѕвездите како создавачи и чинители, таквиот направил големо неверство. Додека оној кој ги припишува ѕвездите како причина за тие благодати, направил мало неверство, бидејќи Аллах не ги одредил ѕвездите да бидат ниту шеријатска ниту природна причина за таква појава.
Благодатта може да биде причина за неверство ако не се заблагодарува за неа, и причина за иман ако се изразува благодарност.
Забрането е да се каже: „Дождот падна за време кога таа и таа ѕвезда се наоѓа на таа позиција“, дури и ако се сака да се укаже на временскиот период, за да се избегне ширкот.
Срцето мора да биде поврзано исклучиво со Аллах кога се во прашање стекнувањето на благодатите и одбивањето на несреќите.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

