HadeethEnc · 1.24.0
Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, кога го испратил во Јемен, му наредил да земе од секои триесет говеда – по едно младо теле, машко или женско;
Available translations
Choose an available translation of this Hadeeth
01
Hadeeth text
Муаз, Аллах нека е задоволен со него, раскажува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, кога го испратил во Јемен, му наредил да земе од секои триесет говеда – по едно младо теле, машко или женско; од секои четириесет – по едно возрасно (мусинна). А од секој што достигнал полова зрелост – по еден динар или неговата противвредност во облека од Мафир, што се изработува во Јемен.
02
Explanation
Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, го испратил Муаз бин Џебел, Аллах нека е задоволен со него, во Јемен за да ги поучува луѓето и да ги повикува во верата. Меѓу другото, му наредил да зема зекат од муслиманите за нивните говеда – од секои триесет говеда да земе теле, машко или женско, на возраст од една година, а од секои четириесет говеда да земе крава (мусинна) од две години. Исто така, да зема џизија од следбениците на Книгата – евреите и христијаните – по еден динар од секој полнолетен маж, или противвредноста на еден динар во јеменска облека наречена „Мафири“.
03
Benefits
Џизијата се зема само од оние што ја достигнале половата зрелост; бидејќи мерилото за оној од кого не се зема е тоа дека не смее да биде убиен ако биде заробен – како детето, жената и слично.
Одредувањето на висината на џизијата се враќа на иџтихадот (мислењето) на имамот (владетелот), затоа што таа се разликува во зависност од местото и времето, како и од богатството или сиромаштијата на луѓето. Доказ за тоа е што Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, ја одредил на жителите на Јемен, па му рекол на Муаз: „Земи од секој што го достигнал полнолетството по еден динар.“ Додека пак, Омер, Аллах нека е задоволен со него, ја зголемил џизијата кога ја одредувал за жителите на Шам.
Важноста на собирањето на зекатот, а задачата на собирањето е доверена на оној што го назначува владетелот.
„Тебиʿ“ е говедо што наполнило една година и влегло во втората. Така е наречено бидејќи сè уште ја следи својата мајка.
„Динар“ е златна парична единица. Исламскиот динар тежи четири грама и една четвртина грам (4,25 g) злато.

Attribution
[رواه أبو داود والترمذي والنسائي وابن ماجه وأحمد]
Categories
Share
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares