,На оној што го вознемирува мојата евлија (штитеник) – му објавувам војна, а ниеден Мој роб нема да ми се приближи повеќе отколку со исполнување на обврските кои Му ги наредив
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, вели: Аллаховиот Пратеник рекол: „Аллах, Возвишениот, рекол: ,На оној што го вознемирува мојата евлија (штитеник) – му објавувам војна, а ниеден Мој роб нема да ми се приближи повеќе отколку со исполнување на обврските кои Му ги наредив. И Мојот слуга нема да престане да Ми се доближува со доброволни дела сè додека не го засакам, а кога ќе го засакам, ќе му станам слух со кој слуша, неговиот вид со кој гледа, неговата рака со која зема, неговата нога со која оди. Ако побара, ќе му дадам, а ако бара заштита од Мене, ќе го заштитам. Никогаш не сум се двоумел повеќе за нешто дали да го направам, како што го правам кога му ја земам душата на верникот, бидејќи тој не ја сака смртта, а Јас не сакам да го вознемирам.‘“
Explanation
Евлија е: богобојазливиот верник. Колку се посилни верата и стравот од Бога на човекот, до тој степен тој ќе биде поголем евлија. Во продолжение на хадисот-кудси се наведува дека муслиманот не може да му се приближи на Возвишениот со ниту еден чин како што се фарз – задолжителните дела и избегнувањето на харамот. Освен тоа, верникот постојано ќе му се приближува Нему правејќи доброволни дела по задолжителните сè додека не ја достигне посебната Аллахова љубов. Кога Аллах ќе го засака, Аллах ќе му помогне во следните четири работи:
Ќе му помогне во слухот, да не слуша освен она со што Возвишениот Аллах е задоволен;
Ќе му помогне во неговите очи, да не го гледа освен она со што Возвишениот Аллах е задоволен;
Ќе му помогне во неговите раце, со нив ќе го прави само она од што Тој е задоволен;
Ќе му помогне со неговите нозе, така што со нив ќе оди само на оние места од кои Тој е задоволен и нема да прави ништо друго освен она што е добро.
Дополнително, ако таа личност побара од Аллах нешто, Тој ќе му го исполни тоа, и довата ќе му биде прифатена. Исто така, ако побара заштита кај Него, Семоќниот Аллах ќе го заштити од сè од што се плаши.
Возвишениот Аллах потоа рекол: „Не сум се двоумел повеќе за ништо да го направам како што го правам тоа кога му ја земам душата на верникот од милоста кон него. Бидејќи тој не ја сака смртта, а јас не сакам да му нанесувам болка.“
Benefits
Забрането е вознемирување на Аллаховите евлии, треба да покажеме љубов кон нив и да ја препознаеме нивната вредност.
Обврска е непријателството кон Аллаховите непријатели, и забрането е да бидеме блиски пријатели со нив.
Кој ќе огласи дека е евлија без притоа да ги следи шеријатските норми, тој е лажго во своето тврдење.
Аллаховата блискост се постигнува со извршувањето на облигативните работи и избегнувањето на забранетите.
Една од причините за Аллаховата љубов кон робот и исполнувањето на неговите дови е вршењето на доброволни дела откако човекот ќе ги изврши задолжителните и ќе ги избегнува забранетите дела.
Указ за почитувањето на Аллаховите блиски слуги и за нивниот воздигнат статус.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

