HadeethEnc · 1.24.0
„Им помагаше на своите во домашните работи – односно им служеше – а кога ќе настапеше времето за намаз, излегуваше да клања.“
Available translations
Choose an available translation of this Hadeeth
01
Hadeeth text
Ел-Есвед бин Језид раскажува: Ја прашав Аиша, Аллах нека е задоволен со неа: „Што правеше Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, во својот дом?“ Таа одговори: „Им помагаше на своите во домашните работи – односно им служеше – а кога ќе настапеше времето за намаз, излегуваше да клања.“
02
Explanation
Мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, била прашана за тоа како Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, се однесувал во својот дом и што работел таму. Таа одговори: „Беше човек како и сите други – ги извршуваше работите што ги прават мажите во своите домови: сам си служеше себеси а им служеше и на своите, ја молзеше овцата, ја крпеше облеката, ги поправаше сандалите и ја лепеше кофата. А кога ќе се проучеше икаметот за намаз, веднаш излегуваше да клања, без одлагање.“
03
Benefits
Потполната скромност на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, и неговата благост кон семејството.
Овоземни обврски не смеат да го одвлекуваат човекот од намазот.
Постојаната грижа на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, да го клања намазот на почетокот на неговото време.
Ибн Хаџер рекол: „Ова е поттик за понизност, напуштање на горделивоста и служење на човекот на своето семејство.“

Attribution
[رواه البخاري]
Categories
Share
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares