HadeethEnc · 1.24.0
„Аллаху мој, сочувај ме од Твојата казна на Денот кога ќе ги собереш или кога повторно ќе ги оживееш Своите робови.“
Available translations
Choose an available translation of this Hadeeth
01
Hadeeth text
Хузејфе бин Јеман, Аллах нека е задоволен со него, пренесува: Кога Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, сакаше да заспие, ја ставаше раката под главата и велеше: „Аллаху мој, сочувај ме од Твојата казна на Денот кога ќе ги собереш или кога повторно ќе ги оживееш Своите робови.“
02
Explanation
Кога Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, легнуваше за да спие, ја потпираше својата десна рака и го ставаше десниот образ врз неа, па велеше: „Аллаху мој, Господару мој, сочувај ме и заштити ме од Твојата казна на Денот кога ќе ги собереш или кога повторно ќе ги оживееш Твоите робови за пресметка – на Судниот ден.“
03
Benefits
Вредноста на оваа благословена дова и препораката редовно да се изговара, по примерот на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем.
Препорачаноста да се легнува на десната страна.
Ес-Синди рекол: „Зборовите ,Аллаху мој, сочувај ме од Твојата казна‘ укажуваат дека разумниот човек треба да го гледа сонот како потсетник на смртта и на оживувањето што следи по неа.“
Заштитата од Аллаховата казна на Судниот ден се постигнува со Неговата милост и добрина – преку тоа што Аллах ќе му овозможи на човекот да врши добри дела и ќе му ги прости гревовите.
Скромноста на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, кон неговиот Господар.
Потврда за собирањето и повторното оживување на луѓето, и дека тие ќе се вратат кај својот Господар за пресметка за своите дела. Оној кој ќе најде добро – нека Му се заблагодари на Аллах, а оној кој ќе најде нешто друго – нека не обвинува никого освен себеси. Тоа се делата на робовите што Аллах ги запишува.
Грижата на асхабите, Аллах нека е задоволен со нив, да ги пренесат и навиките и практиките на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, додека спиел.
Зборовите „ја ставаше својата десна рака под образот“ укажуваат на неговата постојана практика да започнува сѐ со десната страна, освен во она за што постои доказ дека правел поинаку.
Спиењето на десната страна овозможува побрзо будење, бидејќи срцето не мирува целосно во таа положба, а е и поудобно за него, бидејќи се наоѓа на левата страна – додека спиењето на левата страна може да му наштети поради притисокот на органите.

Attribution
[رواه الترمذي]
Categories
Share
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares