HadeethEnc · 1.24.0
„Тогаш немој мене да ме земаш за сведок – јас не сведочам за неправда.“
Available translations
Choose an available translation of this Hadeeth
01
Hadeeth text
Нуман бин Бешир, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, раскажува: Мајка ми – ќерката на Реваха – побара од татко ми да му подари нешто од својот имот на нејзиниот син. Тој одложуваше една година, а потоа се согласи. Таа рече:
„Не сум задоволна додека тоа не го посведочиш пред Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.“
Татко ми ме зеде за рака – тогаш бев младо момче – и отидовме кај Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Му рече: „О Аллахов пратенику, ќерката на Реваха сака да бидеш сведок на дар што ѝ го дадов на нејзиниот син.“
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го праша: „О, Бешир, имаш ли и други деца освен него?“ Тој одговори: „Да.“ Тој рече: „Дали на сите им подари исто како на него?“
Тој рече: „Не.“ Тогаш Аллаховиот пратеник рече: „Тогаш немој мене да ме земаш за сведок – јас не сведочам за неправда.“
А во верзијата кај Муслим се вели:
„Тогаш земи некој друг за сведок.“
02
Explanation
Нуман бин Бешир, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, раскажува дека неговата мајка, Амра бинт Реваха, Аллах нека е задоволен со неа, побарала од татко му да му подари нешто од својот имот на нивниот син. Тој го одложувал тоа цела година, а потоа решил да ѝ удоволи и да му подари нешто на неговиот син Нуман. Тогаш таа рекла: „Не сум задоволна додека тоа не го посведочиш пред Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.“ Татко ми ме зеде за рака – а тогаш бев младо момче – и отидовме кај Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Му рече: „О Аллахов пратенику, ќерката на Реваха сака да бидеш сведок на подарок што сакам да му го дадам на нејзиниот син.“ Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го праша: „О, Бешир, имаш ли и други деца освен него?“ Тој одговорил: „Да.“ Пратеникот праша: „Дали на сите им подари исто како на него?“ Тој рече: „Не.“ Тогаш Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Во тој случај, не ме земај за сведок – јас не сведочам за неправда.“ А во верзијата кај Муслим стои дека со укор му рекол: „Тогаш земи некој друг за сведок на таа неправда.“
03
Benefits
Праведноста меѓу синовите и ќерките при дарѕвање е задолжителна, додека кога станува збор за издршката – таа се одредува според потребите на секое дете поединечно, во согласност со неговата состојба.
Давањето предимство на едно дете пред другите при подарок претставува неправда и е забрането; за таков чин не е дозволено да се сведочи – ниту да се преземе, ни да се пренесе (сведочењето).
Ен-Невеви рекол: „Треба да се постапува еднакво кон сите деца при дарување – секое дете да добие исто, без разлика дали е машко или женско. Некои од нашите учени сметаат дека машкото треба да добие колку две женски, но правилното и преовладувачко мислење е дека треба да се изедначат, работејќи според јасното значење на хадисот.“
Секој пропис што е спротивен на шеријатот се смета за неважечки и не се спроведува.
Судијата или муфтијата треба да постави дополнителни прашања кога ситуацијата бара појаснување – како што укажува прашањето на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: „Дали на сите им подари исто како и нему?“
Ен-Невеви вели: „Овој хадис е доказ дека таткото има право да се предомисли и да го поврати подарокот што му го дал на своето дете.“
Наредба да се постапува на начин што води до љубов и слога меѓу браќата и сестрите, и предупредување од сè што може да предизвика омраза меѓу нив или да доведе до непочитување кон родителите.

Attribution
[متفق عليه، وله ألفاظ عديدة]
Categories
Share
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares