HadeethEnc · 1.24.0
„Делете го наследството според пропишаните удели на неговите сопственици, а она што ќе остане – нека му припадне на најблискиот машки роднина.“
Available translations
Choose an available translation of this Hadeeth
01
Hadeeth text
Ибн Абас, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Делете го наследството според пропишаните удели на неговите сопственици, а она што ќе остане – нека му припадне на најблискиот машки роднина.“
02
Explanation
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, им наредува на оние што го делат наследството да го распределат на праведен и шеријатски начин, согласно со она што Аллах го пропишал. Сопствениците на одредени удели (ехлул-фараид) треба да ги добијат своите делови утврдени во Куранот: две третини, една третина, една шестина, половина, една четвртина и една осмина – зависно од случајот. А она што ќе остане по поделбата на овие удели, им се доделува на најблиските машки роднини на покојникот, кои во шеријатската терминологија се нарекуваат „асабе.“
03
Benefits
Овој хадис претставува основа во правилата за поделба на наследството.
Поделбата започнува со оние што имаат утврдени удели.
Она што ќе остане по поделбата им припаѓа на машките роднини – асабе.
Се дава предност на поблиските пред подалечните – така, на пример, чичкото не наследува доколку е жив таткото.
Ако утврдените удели целосно го исцрпат наследството, тогаш на категоријата асабе не им припаѓа ништо.

Attribution
[متفق عليه]
Categories
Share
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares