HadeethEnc · 1.24.0
„Секој муслиман што има нешто за тестамент – не треба да поминат три ноќи, а тој да го нема тестаментот напишан кај себе.“
Available translations
Choose an available translation of this Hadeeth
01
Hadeeth text
Ибн Омер, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, раскажува дека слушнал како Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, вели: „Секој муслиман што има нешто за тестамент – не треба да поминат три ноќи, а тој да го нема тестаментот напишан кај себе.“
А Ибн Омер, Аллах нека е задоволен со него, рекол: „Откако го слушнав тоа од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, не помина ниту една ноќ, а да не го имав тестаментот подготвено кај мене.“
02
Explanation
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека не му прилега на муслиман кој поседува нешто за што сака да остави тестамент – било да е право или имот, макар и да е мал – да поминат три ноќи, а тој да го нема тестаментот напишан кај себе. Абдулах бин Омер, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, рекол: „Откако го слушнав тоа од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, не помина ниту една ноќ, а да не го имав мојот тестамент подготвен кај мене.“
03
Benefits
Пропишаноста на составување тестамент и препораката да се побрза со тоа – со цел за појаснување на обврските, исполнување на шеријатските наредби, подготвеност за смртта и јасна претстава за тоа кому и на што се однесува тестаментот – пред човекот да биде спречен или зафатен со други работи.
Терминот „тестамент“ (васиет) значи завештана обврска или доверено завештание, и се однесува на тоа човекот да му довери на некого – по својата смрт – грижа за дел од својот имот, за своите малолетни деца, или за некаква друга работа поврзана со она што го поседувал во животот.
Тестаментот се дели на три вида: 1. Препорачлив (мустехаб): кога човек одредува дел од својот имот за добротворни цели, надевајќи се дека наградата ќе му продолжи и по смртта. 2. Задолжителен (ваџиб): кога се однесува на обврски што му стојат – било кон Аллах (како неиздвоен зекат, шеријатска казна и сл.), или кон луѓето (како долг или доверена обврска). 3. Забранет (харам): ако во тестаментот одреди повеќе од една третина од имотот, или ако завешта нешто на лице кое веќе е наследник.
Вредноста на Ибн Омер, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, се огледа во неговото брзање во извршувањето на добри дела и во доследното следење на шеријатските прописи.
Ибн Декик ел-Ид вели: „Дозволувањето рок од две или три ноќи е олеснување, за да се отстрани можната нелагодност и потешкотии.“
Важните работи треба да се запишуваат во писмена форма, бидејќи таа е најсигурен начин за нивно чување и за заштита на правата.

Attribution
[متفق عليه]
Categories
Share
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares