HadeethEnc · 1.24.0
„Реков: ,О, Аллахов пратенику, кому треба најмногу да му укажам добрина?‘ Тој одговори: ,На мајка ти, па на мајка ти, па на мајка ти, па на татко ти, а потоа на оние што се најблиски – според роднинската блискост.‘“
Available translations
Choose an available translation of this Hadeeth
01
Hadeeth text
Бехз бин Хаким, пренесува од неговиот татко, а тој од неговиот дедо, дека рекол: „Реков: ,О, Аллахов пратенику, кому треба најмногу да му укажам добрина?‘
Тој одговори: ,На мајка ти, па на мајка ти, па на мајка ти, па на татко ти, а потоа на оние што се најблиски – според роднинската блискост.‘“
02
Explanation
Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека најзаслужна за добрина, внимание, убав однос, соживот и чување на роднинските врски – е мајката. Тој трипати го повторил нејзиното право, за да ја истакне нејзината вредност над сите луѓе – без исклучок. Потоа рекол дека по мајката доаѓа таткото, а потоа роднините – по редослед на блискост.
Колку е некој поблизок, толку е поголемо неговото право на поврзување преку роднински врски.
Колку е некој поблизок, толку е поголемо неговото право на поврзување преку роднински врски.
03
Benefits
Хадисот укажува на редоследот во покажувањето добрина: прво мајката, потоа таткото, а потоа роднините – според нивната близина.
Истакнување на положбата на родителите, а особено на мајката.
Во хадисот трипати се спомнува добрината кон мајката, за да се истакне нејзината голема заслуга кон децата – поради сите маки, напори и тешкотии што ги поднесува: од бременоста, преку породувањето, до доењето – кои се нејзина посебна обврска – а потоа заедно со таткото учествува и во воспитувањето.

Attribution
[رواه أبو داود والترمذي وأحمد]
Categories
Share
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares