HadeethEnc · 1.24.0
„Алаховиот Пратеник, алејхи селам, нè научи на хутбетул-хаџе
Available translations
Choose an available translation of this Hadeeth
01
Hadeeth text
Абдулах ибн Месуд, радијаллаху анху, рекол: „Алаховиот Пратеник, алејхи селам, нè научи на хутбетул-хаџе која гласи: ,Целата благодарност му припаѓа на Аллах, од Него бараме помош и прошка. Му се приклонуваме од злото на нашите души. Кого Аллах ќе го упати, никој не може да го одведе во заблуда, а кого го остава во заблуда, никој не може да го упати на вистинскиот пат. Сведочам дека нема друг вистински бог освен Алах и дека Мухамед е Негов роб и пратеник“. (О, луѓе плашете се од Господарот свој, Кој од еден човек ве создаде, од кого жената како пар негов ја создаде, а од нив двајца многу мажи и жени расеа! Плашете се од Аллах, со Чие име едни со други се замолувате и роднинските врски чувајте ги! Аллах, навистина, бдее над вас!) (Ен Ниса:1), ( О, верници, плашете се од Аллах со вистинска богобојазливост и никако не умирајте, освен како муслимани!)(Али Имран: 102), (О, верници, плашете се од Аллах и говорете ја само вистината,Тој за вашите добри дела ќе ве награди и гревовите ваши ќе ви ги прости. А тој што ќе Му се покорува на Аллах и на Пратеникот Негов – голем успех ќе постигне.) (Ел Ахзаб: 70-71)".
02
Explanation
Ибн Месуд нè известува дека Аллаховиот пратеник ги подучил на хутбетул-хаџе, која се изговара при започнувањето на говорот, на пример, при склучувањето на брачен договор, за време на џума (петочна проповед) и сл. Оваа хутба содржи величествени значења. Укажува дека Семоќниот Аллах заслужува да Му се искажуваат сите видови на благодарност, се бара помош и прошка од Него и од никој друг, се бара покривање и простување на гревовите, како и барање заштита од Него за било какво зло, злото на душата или некое друго.
Потоа, Пратеникот нè известил дека упатството е во рацете на Аллах. Никој не може да го одведе во заблуда кого Тој ќе го упати, и никој не може да го упати кого Тој ќе го доведе во заблуда.
Потоа, го спомна шехадетот на монотеизмот, дека не постои вистинско божество освен Аллах и дека Мухамед е Негов роб и Негов Пратеник.
И на крајот, оваа проповед завршува со ајети од Куранот во кои ни е наредено да се плашиме од Аллах Возвишениот, извршувајќи го тоа што ни е наредено да го правиме и избегнувајќи го она што ни е забрането, а тоа да го правиме во име на Аллах. Кој ќе постапи така, ќе биде награден со исправноста на делата и говорот, ќе му се простат гревовите, ќе има убав животот на овој свет, и ќе влезе во рајот на идниот свет.

03
Benefits
Пофално е да го започнеме говорот, кога склучуваме брак или на џума намаз и слично, со гореспомнатата хутбетул-хаџе.
Секоја хутба треба да содржи благодарност и цитирање на шехадет и неколку ајети од Куранот.
Аллаховиот пратеник, алејхи селам, ги подучувал асхабите со сето она што им било потребно во верата.
Секоја хутба треба да содржи благодарност и цитирање на шехадет и неколку ајети од Куранот.
Аллаховиот пратеник, алејхи селам, ги подучувал асхабите со сето она што им било потребно во верата.
Attribution
[رواه أبو داود والترمذي والنسائي وابن ماجه وأحمد]
Categories
Share
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares