„Јас, по тебе, изговорив четири зборови – по трипати – кои, ако се споредат со сè што го кажа од утринава, тие ќе натежнат
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Мајката на верниците, Џувејрија – Аллах нека е задоволен со неа – раскажува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, едно утро – по клањање на сабахскиот намаз – излегол од нејзиниот дом, а таа сè уште седеше на местото каде што обично клањаше. Подоцна, кога веќе изгреа Сонцето и дел од денот помина, се врати кај неа – а таа уште беше на истото место. Па ѝ рече: „Сè уште си на истото место на кое те оставив?“ Таа одговори: „Да.“ Тогаш тој рече:
„Јас, по тебе, изговорив четири зборови – по трипати – кои, ако се споредат со сè што го кажа од утринава, тие ќе натежнат:
,Славен и фален нека е Аллах – онолку колку што е бројот на Неговите созданија, и онолку колку што е Неговото задоволство, и колку што е тежината на Неговиот Арш, и колку што е количината на мастилото со кое се испишуваат Неговите зборови.‘“
(Субханаллахи ве бихамдихи, адеде халкихи, ве рида нефсихи, ве зинете Аршихи, ве мидаде келиматихи)
Explanation
„И фален нека е Аллах“ – затоа што Нему му припаѓа секоја убава пофалба и благодарност, а Тој е Оној што нѐ упатил кон тоа.
„Онолку колку што е бројот на Неговите созданија“ – односно: онолку многу колку што само Аллах ги знае и може да ги изброи.
„Колку што е Неговото задоволство“ – односно: онолку колку што Го задоволуваат Неговите робови, а тоа е нешто што не може да се измери.
„Колку што е тежината на Неговиот Арш“ – бидејќи Аршот е најголемото и најтешкото од сите созданија.
„И онолку колку што е количината на мастилото со кое се испишуваат Неговите зборови“ – бидејќи Аллаховите зборови се бескрајни и неисцрпни.
Оваа дова ги опфаќа сите три аспекти: – бројноста (бројот на созданијата), – вредноста и возвишеноста (Неговото задоволство), – величината и тежината (тежината на Аршот),
а спомнувањето на „мастилото на Неговите зборови“ го заокружува значењето – укажувајќи на тоа дека Аллаховите зборови немаат крај, ни во број, ни во содржина, ни во обем.
Benefits
Зикрот се разликува по вредност – некои форми се повредни од други.
Ен-Невеви, објаснувајќи ја фразата „и онолку колку што е количината на мастилото со кое се испишуваат Неговите зборови“, вели: „Целта е да во суперлатив да се прикаже големината и неизмерната бројност – бидејќи најпрво се спомнува нешто што може да се изброи (како бројот на созданијата), потоа тежината на Аршот, а најпосле нешто што воопшто не може да се измери ниту опфати.“
Ибн ел-Кајим вели: „Она што се случува во срцето на оној што изговара: ,Славен и фален нека е Аллах – онолку колку што е бројот на Неговите созданија...‘ – во поглед на познавање, возвишување и величање на Аллах – е подлабоко и повредно од чувството на оној што само ќе рече: ,Славен нека е Аллах‘.“
Упатување кон сеопфатни зборови не се многубројни, но се обемни по значење и огромни по награда.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

