„Шест се правата на еден муслиман кон друг муслиман." Прашале: „Кои се тие, о Аллахов пратенику?" Одговорил: „Кога ќе го сретнеш, поздрави го со селам; кога ќе те повика, одѕви се на повикот; кога ќе ти побара совет, посоветувај го; кога ќе кивне и изговори ,елхамдулиллах’, посакај му милост велејќи ,јерхамукаллах’; кога ќе се разболи, посети го; и кога ќе умре, следи го до неговата џеназа.“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Шест се правата на еден муслиман кон друг муслиман." Прашале: „Кои се тие, о Аллахов пратенику?" Одговорил: „Кога ќе го сретнеш, поздрави го со селам; кога ќе те повика, одѕви се на повикот; кога ќе ти побара совет, посоветувај го; кога ќе кивне и изговори ,елхамдулиллах’, посакај му милост велејќи ,јерхамукаллах’; кога ќе се разболи, посети го; и кога ќе умре, следи го до неговата џеназа.“
Explanation
Benefits
Одговарањето на селамот е индивидуална обврска (фарз ајн) ако поздравениот е сам. А ако се поздравува група – доволно е еден од нив да возврати. Отпочнувањето со селам во основа е Сунет.
Посетата на болниот е дел од правата што муслиманите ги имаат еден кон друг, бидејќи таа внесува радост и утеха во срцето на болниот. Нејзиното исполнување е колективна обврска (фарз кифаје).
Одѕивањето на поканата е задолжително сè додека во неа нема нешто што е грев. Ако се работи за свадбена вечера, мнозинството на алимите сметаат дека одѕивањето е задолжително, освен ако постои шеријатска причина за изоставување. А ако поканата е за нешто друго освен свадбена вечера – тогаш повеќето алими сметаат дека е препорачано, но не и задолжително.
Посакувањето милост на оној што ќе кивне е обврска за секој што го слушнал како по кивањето изговара „елхамдулиллах“.
Потполноста на шеријатот и неговата грижа за зацврстување на општествените врски, зајакнување на љубовта и иманот меѓу муслиманите, и создавање чувство на блискост и заедништво во заедницата.
Во зборовите на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем: „фесеммитху“ (па посакај му милост), во некои преноси стои и „фешеммитху“ – и двата облика се лингвистички исправни: Семмитху (со буквата син) означува – да се направи дова за добро и благослов. Шеммитху (со буквата шин) се толкува – Аллах нека те заштити од нешто поради што твојот непријател би се радувал. А зборот тесмит значи – да се замоли Аллах да го упати на исправниот пат и благородно однесување.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

