,Не убивај го, зашто ако го убиеш, тој ќе биде во твојата положба пред да го убиеш, а ти ќе бидеш во неговата положба во која тој беше пред да ги каже тие зборови кои ги кажал.‘“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Микдад ибн Амр ел-Кинди, радијаллаху анху, пренесува: Дека му рекол на Аллаховиот Пратеник, алејхи селам: „,Што мислиш ако сретнам некој од неверниците и се бориме, а тој со сабјата ми ја отсече раката, а потоа избега, криејќи се позади дрво, и тогаш каже: – Го прифаќам исламот во име на Аллах –, дали смеам да го убијам, о Аллахов Пратенику, откако ќе го каже тоа?‘ Аллаховиот Пратеник рече: ,Не убивај го.‘, тој продолжи: ,О, Аллахов Пратенику, тој ми ја отсече едната рака, а потоа го кажа тоа?‘ Тогаш Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, рекол: ,Не убивај го, зашто ако го убиеш, тој ќе биде во твојата положба пред да го убиеш, а ти ќе бидеш во неговата положба во која тој беше пред да ги каже тие зборови кои ги кажал.‘“
Explanation
Аллаховиот пратеник, алејхи селам, му одговорил: „Не го убивај.“
Микдад рече: „О Аллахов пратенику, тој ми ја отсече едната рака, зарем и после тоа да не го убијам?!“
Тој, алејхи селам, рече: „Не убивај го, бидејќи е забрането таквиот да се убива. Ако го убиеш откако го прифатил исламот, тој ќе биде во твојата состојба каде животот ќе му биде заштитен, а ти ќе бидеш во неговата состојба со тоа што ќе биде дозволено твоето убивање како одмазда за убиството кое го направи.“
Benefits
Ако некој неверник го прифати исламот за време на борбата, неговиот живот ќе биде заштитен, и не смее да се напаѓа освен ако се докаже спротивното.
Муслиманот е должен да го следи шеријатот, а не смее да биде фанатик и поттикнат од желбата за одмазда.
Ибн Хаџер рекол: Дозволено е да се праша за можни ситуации пред тие да се случат земајќи во предвид дека претходно спомнатото не се случило. Што се однесува до она што беше кажано од некои претходници дека тоа не е пожелно, тоа треба да се разбере дека се однесува на она што ретко или никако нема да се случи, а што се однесува на она што може да се случи, дозволено е да се праша за тоа за да се знае.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

