„Ми беа прикажани Џенетот и Џехенемот – и никогаш досега не сум видел нешто слично на денешниов ден кога станува збор за доброто и злото. А ако вие го знаете она што јас го знам – малку би се смееле, а многу би плачеле.“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Енес бин Малик, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: До Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, стигнала вест за нешто што го направиле неговите асхаби, па одржал хутба и рекол: „Ми беа прикажани Џенетот и Џехенемот – и никогаш досега не сум видел нешто слично на денешниов ден кога станува збор за доброто и злото. А ако вие го знаете она што јас го знам – малку би се смееле, а многу би плачеле.“
Енес вели: „Немало потежок ден за асхабите на Божјиот пратеник од тој ден. Ги покрија главите и почнаа тивко да липаат.“
Тогаш стана Омер и рече: „Задоволни сме со Аллах како наш Господар, со исламот како наша вера и со Мухамед како наш веровесник.“
Потоа стана еден човек и праша: „Кој е мојот татко?“ – а Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му одговори: „Твојот татко е тој и тој.“
И тогаш беше објавен ајетот:
,,О, верници, не прашувајте за тоа што ќе ви причини непријатност ако ви се објасни." (Ел-Маиде, 101)
Explanation
„Кој е мојот татко?“
Одговори: ,,Татко ти е тој и тој." Тогаш беше објавен ајетот: ,,О, верници, не прашувајте за тоа што ќе ви причини непријатност ако ви се објасни." (Ел-Маиде, 101)
Benefits
Асхабите, Аллах нека е задоволен со нив, биле длабоко потресени од пораката на Божјиот пратеник и покажале силен страв од Аллаховата закана.
Препорачливо е при плачење да се покрие лицето.
Ел-Хатаби вели: „Овој хадис се однесува на оној што поставува прашања од тврдоглавост, претерувајќи или без потреба. Но, оној што прашува поради реална потреба – на пример, во конкретна ситуација – не е виновен и не заслужува укор.“
Хадисот поттикнува на истрајност во покорноста кон Аллах, воздржување од гревови и строго придржување кон Неговите граници.
Од хадисот исто така се разбира дека е дозволено да се изрази лутина или строгост при советување и поучување – кога од тоа има воспитна корист.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

