Момче, ќе те научам со овие зборови: Чувај го Аллах и Тој тебе ќе те чува, Чувај го Аллах, па секогаш ќе Го најдеш пред себе. Кога бараш, барај од Аллах. Кога бараш помош, побарај ја од Аллах
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Од Ибн Абас, радијаллаху анху, се пренесува: Еден ден бев зад Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, па ми рече: „Момче, ќе те научам со овие зборови: Чувај го Аллах и Тој тебе ќе те чува, Чувај го Аллах, па секогаш ќе Го најдеш пред себе. Кога бараш, барај од Аллах. Кога бараш помош, побарај ја од Аллах.И знај дека кога сите луѓе би се собрале за да ти направат дури и најмала корист, не би можеле ништо освен она што Аллах ти го одредил и го пропишал. И кога би се собрале да ти наштетат со нешто, нема да можат да ти наштетат освен онолку колку што Аллах одредил и напишал. Перото на судбината е кренато и листовите на страниците се осушени.
Explanation
Чувај го Аллах со извршување на она што Тој го заповедал и воздржи се од она што Тој го забранил. На тој начин, секогаш ќе те најде во добри дела, а не во гревови. Ако го сториш тоа, Аллах ќе те награди со тоа што ќе те заштити од тешкотиите на овој и идниот свет и ќе ти помогне во сите твои активности каде и да се упатиш.
А кога сакаш да побараш нешто, не барај од никого освен од Аллах, Кој се одѕива на тие што Го молат.
А кога ти треба помош, не барај ја од никој друг освен Аллах.
Биди убеден дека нема да ти се случи никаква корист во животот, дури и ако сите луѓе на Земјата се соберат да ти го овозможат тоа, освен со дозвола на Аллах. Од друга страна, нема да те снајде никаква штета дури и ако сите луѓе станат против тебе, освен ако Аллах така одредил.
Ова е нешто што Аллах Возвишениот го напишал, го одредил сходно на Неговата Мудрост и Знаењето, и нема менување на тоа што Тој го запишал (одредил).
Benefits
Наградата ќе биде соодветна на направеното дело.
Наредено е да се потпреме и да бараме помош само од Аллах и никој друг. Тој е најдобар на кого можеме да се потпреме.
Верување во судбината и одредбата, но и задоволство со истата, и дека Аллах ги предодредил сите работи.
Кој ќе ја запостави Аллаховата наредба, и него Аллах ќе го запостави, и нема да го чува.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

